No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Мерките за вработување не се доволно искористени во општина Свети Николе

NVO Infocentar од NVO Infocentar
25/12/2023
во Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
163
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Разговор со Ирина Поцкова од ГИЖ Свети Николе

Граѓанска иницијатива на жени (ГИЖ) од Свети Николе, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“ кој го спроведува НВО Инфоцентар, со подршка на ЕУ, реализираше серија активности посветени на активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРМ).

Целта на работилниците и јавната дискусија е преку споделување информации, но и искуства од оние кои веќе ги користат мерките, да се информираат  невработените жени, да се едуцираат, но и да се охрабрат и поттикнат да сонуваат, да планираат, да преземат конкретни чекори и еден ден да започнат сопствен бизнис.

Со Ирина Поцкова од ГИЖ разговаравме за мерките за вработување, резултатите што тие ги постигнуваат во општина Свети Николе, но и за предизвиците со кои се соочуваат корисниците и потенцијалните корисници на овие мерки.

Какви мерки и програми за вработување има АВРМ за општина Свети Николе?

Активните мерки и политики за вработување се една од клучните национални политики за активирање на невработените со цел нивно вклучување на пазарот на труд. Пристапот до  мерките, програмите и услугите за вработување се утврдени со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд. Најкористени мерки во Свети Николе се програмата за самовработување, субвенционирано вработување, младинскиот додаток, практиканството. Постојат и мерки како што се, курс за компјутери,  следење часови за полагање возачки испити од различни категории. Но досега, лица од Свети Николе, или немат користено средства од овие мерки, или се во многу помал број во споредба со други општини.

Кои се според вас досегашните резултати од мерките и програмите за вработување на АВРМ во општина Свети Николе?

Степенот на користење на мерките и програмите за вработување од лица кои се тековни корисници на мерката субвенционирано вработување, според истражувањето на ГИЖ,  не ги дава очекуваните резултати.

Условите кои треба да ги исполни работодавачот после користењето на мерките доведува заинтересираноста за користење на мерката субвенционирано вработување да биде многу мала. Во општина Свети Николе само шест фирми поднеле барање за вработување на седум лица, за период од шест месеци, со обврска работодавачот да ги задржи вработените уште дополнителни 12 месеци, но и со други обврзувачки услови и кратки рокови. Затоа и степенот на задоволство на лицата/работодавачите кои користеле  мерка за субвенционирано вработување е многу низок.

Исто така, и неповратните средства за започнување бизнис не се високи и доволни. Тие се само дополнителна помош. Висината на финансиската поддршка за самовработување е 5000 евра, односно 307.500 денари, неповратни средства,

Што се однесува до младинскиот додаток, тој е во висина од 3000 денари и него можат да го користат млади лица кои се вработуваат во производство, и тоа без услов за висината на платата.

Дали невработените жени се доволно запознаени со можностите што им ги нудат овие мерки и програми за вработување?

Од нашата работа и комуникација со жените, и во градот, но и во селата, можам да кажам дека невработените жени не се доволно запознаени со програмите, мерките и услугите за вработување.  Тие не само што не ги знаат условите, туку голем дел од жените не се ниту  запознаени со постоењето на мерките. Ова се однесува особено на руралните средини. Дел од причините за ваквата состојба е фактот што повеќето од невработените жени, но и мажи, се пасивни баратели на работа, кои во Агенцијата за вработување се пријавуваат нередовно или само на 6 месеци. Заради ова тие не ги добиваат навреме потребните информации за мерките за вработување. Исто така, на голем број невработени мажи и жени им е потребна дополнителна едукација и поттик да се самовработата и да  развијат сопствен бизнис.

Какви се досегашните искуства на жените и другите граѓани кои станале или се обиделе да бидат корисници на некоја од мерките?

Во општина Свети Николе, има примери на жени кои користеле мерка од програмата за  самовработување и која им помогнала да започнат сопствен бизнис. Има пример на жена која благодарение на мерките отворила  фризерски салон во сопствена деловна просторија и ја набавила потребната опрема. Има и пример, на две здружени лица кои заеднички ја користат мерката и тоа, за отворање детска игротека.

Сепак, станува збор за мал број корисници на мерките. Затоа, ние преку нашата активност настојуваме да го зголемите степенот на информираност на невработените жени за можностите од мерките за самовработување. Преку споделувањето информации, но и искуства од оние кои веќе ги користат мерките, сакаме жените да ги информираме, едуцираме, но и да ги охрабриме да сонуваат, да планираат, да преземат конкретни чекори и еден ден да започнат сопствен бизнис.

Кои се главните слабости на постојните мерки и програми?

Лицата кои се невработени, а живеат во селата и не се активни баратели на работа не можат да бидат корисници на мерките.  Овие лица, најчесто не се пријавуваат една месешно, затоа што треба да патуваат до градот и за нив тоа претставував дополнителен трошок. Позитивно е само тоа што, доколку се пријави во АВРМ и еден ден, тогаш може да користење  една од предвидените мерките.

Условите на  работодавачите да го задржи  вработеното лице уште дополнителни 12 месеци по завршуваљњето на мерката, вклучително со уште многу други обврзувачки услови и кратки рокови, се глваната причина за малата заинтересираност за мерката субвенционирано вработување.

Дали какви промени се потребни за мерките да бидат поефикасни и да можат да ги искористат што е можно повеќе граѓани?

Сметаме дека треба да се изменат некои од условите за користење на мерките, како и да се подобри информирањето на потенцијалните корисници за мерките и начинот на нивно користење, но и на јавноста во целина.

Во однос на условите,  предлагаме АВРМ да најде начин,  лицата кои се невработени и не се во евиденцијата на Агенцијата, а се заинтересирани, да можат да ги користат мерките за вработување.

Исто така, предлагаме АВРМ да направи ревизија односно продолжување и на некои од предвидените рокови кај субвенциите за самовработрување.

Кај мерката практиканство, пак,  може да се смени условот лицето да мора да има завршено средно образование, бидејќи има заинтересирани средношколци кои сакат да одат на пракса и пред комплетирање на средното образование.

Автор: Горан Наумовски

Прилогот е подготвен како дел од локалната акција„ Биди информирана-користи активни мерки за вработување“ на ГИЖ, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“, спроведуван од НВО Инфоцентарот, а со поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот, ГИЖ и на авторот, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Претходен напис

Дебата за граѓанските приоритети во Штип

Следен напис

Мониторинг: Општините и зимското одржување на улиците и патиштата

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Мониторинг: Општините и зимското одржување на улиците и патиштата

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.