No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Консултативна средба во Струга за клучните граѓански приоритети

NVO Infocentar од NVO Infocentar
02/10/2025
во Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
161
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Центарот на Заедницата на Општина Струга, како дел од Форумот за граѓански дијалог, како продолжение на неколку претходни активности, на 2 октомври 2025 година, одржа консултативна средба за локалните граѓански приоритети.

На настанот присуствуваа околу 20 учесници (од кои 8 мажи и 12 жени), меѓу нив претставници на граѓански организации, млади лица, пензионери и граѓани од различни професии и етнички заедници (Албанци, Македонци, Турци).

Во рамките на дискусијата беа истакнати следните теми и потреби:

  • Инфраструктура: реконструкција на патот од Ветеринарна до Струга, изградба на алтернативни патишта кон селата Ливада и Делогожди, реконструкција и осветлување на стариот пат Струга–Охрид, како и санација на улиците Јуро Салај и Димитар Влахов.
  • Паркинг и урбанизам: изградба на катни гаражи во близина на градскиот пазар и спортската сала „Тим“, како и потреба од нов урбанистички план.
  • Јавни услуги: нов водоводен систем и замена на азбестната мрежа, подобрување на јавниот превоз, редовен возен ред и контрола на превозниците.
  • Животна средина: решавање на проблемот со депонијата преку дислокација, зголемување на еколошката свест и воспоставување систем за рециклирање и контрола на отпадните води.
  • Мобилност: развивање и уредување на велосипедски патеки низ градот.
  • Буџет и транспарентност: подобрување на пристапот на граѓаните до буџетските процеси, зголемена соработка на советниците со граѓаните и вклучување на младите преку младински собранија.
  • Култура и спорт: потреба од реконструкција и поголема поддршка за културни настани и спортски објекти.
  • Образование и социјална заштита: проширување на капацитетите на градинките, поттикнување на занаети и поедноставување на процедурите за поддршка на ранливи категории.
  • Родова еднаквост: активирање на комисијата за еднакви можности при Советот на Општината.

На крајот од средбата, учесниците имаа можност да гласаат и ги рангираат приоритетите според дадената методологија. Според резултатите, највисоко беа оценети следните приоритети:

  1. Решавање на проблемот со депонијата (дислокација и/или редовно одржување и надзор); Овој проблем станува се позагрижувачки во последните години, бидејќи депонијата се наоѓа во непосредна средина на градот, и истата покрај ветувања за оддржување често се пали (проблем што периодично се појавува) и во изминатите 3 месеци предизвика реакции од страна на граѓаните.
  2. Обновување на водоводната мрежа и долгорочно решавање на проблемот со водата за пиење; Покрај делумна реконструкција на мрежата, граѓаните се соочуваат со проблемот на загадена вода или недостаток на водата за пиење. Потребно е наоѓање на долготрајно решение за овој проблем.
  3. Улично осветлување во текот на целата година; Посебно се појави како проблем во последната година, кога уличното осветлување според дискусијата со граѓаните во голема мера недостасуваше, речиси во секоја улица/населба беше надвор од функција. што прилично влијае и врз безбедноста и слободното движење на граѓаните во вечерните часови. Токму поради тоа, и покрај многуте проблеми во градот, на јавната консултација граѓаните решија уличното осветлување да биде еден од највисоко рангираните приоритети.
  4. Отворање на центар за лица со посебни потреби- Покрај неформалните иницијативи, граѓаните сметаат дека овој проблем е потребно институционално да се решава преку поголема поддршка од општината.

Консултативната средба ја организираше Центарот на Заедницата на Општина Струга, подржана од НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Претходен напис

Донесена годишна програма на Младинскиот клуб во с. Извор

Следен напис

Консултативна средба со граѓаните во Свети Николе за клучните граѓански приоритети

Поврзани Написи

Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Следен напис

Консултативна средба со граѓаните во Свети Николе за клучните граѓански приоритети

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.