No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2024 година

NVO Infocentar од NVO Infocentar
25/12/2024
во Во фокус, Анализи, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
178
СПОДЕЛУВАЊА
1.4k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

НВО Инфоцентарот, со партнерските организации, членки на Форумот за граѓански дијалог (ФГД): Гласен Текстилец од Штип, Младински културен центар – Битола, Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар на заедницата на Општина Струга, во периодот октомври – ноември 2024 година, спроведе мониторинг на реализацијата на граѓанските приоритети на локално ниво.

Целта на мониторингот беше да добиеме слика до каде е реализацијата на граѓанските приоритети во шест општини: Штип, Струга, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Демир Хисар, кои произлегоа од консултативните средби со граѓаните во текот на 2021 и 2022 година.

За потребите на мониторингот беа реализирани серија разговори со релевантните претставници на општинските власти, а во анализата беа вклучени добиените информации и документи, како и информациите и документите објавени на интернет-страниците на општините.

Едновремено, во периодот, од 10 до 25 октомври 2024, спроведовме шест интернет анкети за граѓаните од општините вклучени во мониторингот, со цел да ги собереме нивните перцепции, ставови и искуства за тоа, дали општината ги реализира конкретните граѓански приоритети, но и дали ги вклучува и консултира граѓаните за прашања поврзани со локалните политики.

Прашалниците беа поставени на „Google Forms“, а анкетите се одвиваа анонимно. Вкупно 1.593 граѓани учествуваа во анкетите (Штип – 411, Струга – 356, Свети Николе – 269, Демир Хисар – 200, Крушево – 179, Крива Паланка – 178).

Овој мониторинг е реализиран во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Прочитајте ги наодите од Мониторингот на реализацијата на граѓанските приоритети на локално ниво за 2024 година.

Општи наоди од интернет анкета:

– Мнозинството анкетирани граѓани од шесте општини вклучени во мониторингот: Струга, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Демир Хисар и Крушево, сметаат дека локалните власти, во 2024 година, не презеле доволно активности за реализација на граѓанските проблеми и приоритети.

– 74% од испитаните стружани одговориле дека Општина Струга не презема никакви мерки и активности за подобрување на комуникацијата со граѓаните.

– Повеќе од половината испитани демирхисарци (53.5%) сметаат дека локалната власт не презема активности за изградба на повеќенаменски игралишта.

– Високи 87.1% од испитаните кривопаланчани велат дека општинската власт не вовела локален превоз.

 – Речиси половина од анкетираните штипјани (45.%) не знаат дали Општината презема мерки за изградба на пречистителна станица.

– 65.1% од одговорите на светиниколчани се дека локалната власт не презема мерки за создавање нови зелени и рекреативни простори.

– 74.3% од испитаниците од Крушево одговориле дека Општината не презема мерки за подобрување на бизнис климата и вработување на младите.

– Слично како и претходната 2023 година, и оваа анкета на јавното мислење покажа дека граѓаните многу малку или воопшто не се вклучени во креирањето локални политики. Дури 84.4% од испитаниците ниту еднаш не учествувале во креирањето политики во локалната заедница, а 4.45% одговориле дека редовно учестуваат, додека останатите испитаници одговориле дека само повремено се вклучени во активности за креирање локални политики.

– Речиси половината од испитаниците (48%) навеле дека досега никој не ги повикал да учествуваат во некој активност на општината за креирање локални политики, а 33% одговориле дека не биле информирани.

 – Повеќе од половината од испитаниците (56%) сметаат дека најсоодветна форма на граѓанско учество се јавните расправи, потоа со 37.7% се собирите во месните заедници, додека најмалку ефикасни се буџетските форуми.

Покрај оценката за исполнетоста на граѓанските приоритети во 2024 година, граѓаните ги пренесоа нивните очекувања за следната, 2025 година.

– Приоритети на граѓаните на Демир Хисар за 2025 година се реконструкција на улиците и на дел од водоводната, канализациската и атмосферската мрежа, како и решавање на проблемот со паркинг местата.

– Жителите на Свети Николе повторно како и лани сметаат дека општината треба да работи на отворање нови паркинзи во централниот дел на градот, како и на поставување сообраќајна сигнализација.

– Штипјани, бараат трајно решение за контрола врз фрлањето шут и отпад на диви депонии, како и стабилизирање на водоводната мрежа.

– Испитаниците од Струга, пак, бараат решавање на проблемот со депонијата и паркинзите.

– Крушевчани во најголем број повторно бараат подобрување на квалитетот со водоснабдувањето и обезбедување чиста вода за пиење.

Претходен напис

Јавна дискусија за граѓанските приоритети во Крушево

Следен напис

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

Поврзани Написи

Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Во фокус

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

25/06/2025
Во фокус

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен!

18/06/2025
Во фокус

Трета регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

23/05/2025
Следен напис

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.