No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети (2022 – 2025 година)

NVO Infocentar од NVO Infocentar
29/08/2025
во Анализи, Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
161
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

НВО Инфоцентарот, со партнерските организации, членки на Форумот за граѓански дијалог (ФГД): Гласен Текстилец од Штип, Младински културен центар – Битола, Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар на заедницата на Општина Струга, во периодот од 2022 до 2025 година,  постојано ја следи реализацијата на идентификуваните граѓански приоритети во шест општини: Штип, Струга, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Демир Хисар.

Во рамки на повеќегодишниот мониторинг, реализиравме серија состаноци и разговори со градоначалниците и општинската администрација, а исполнувањето на приоритетите го следевме и преку информациите и документите добиени од општините (вклучително и преку официјалните општински интернет-страници).

Граѓанските приоритети произлегоа од серијата консултативни средби со граѓаните во 2021 и 2022 година, а со пет општини (Штип, Крива Паланка, Крушево, Демир Хисар и Струга) беа потпишани меморандуми за реализација на приоритетите во периодот 2022- 2025 година. 

Мониторингот покажа дека приоритетите на граѓаните најчесто се поврзани со подобрување на сообраќајната и урбаната инфраструктура, унапредување на водоснабдувањето и канализациските мрежи, создавање и одржување зелени и рекреативни површини, управување со отпадот и подобрување на јавната хигиена, функционален јавен превоз, дигитализација и поголема пристапност на општинските услуги, поголема поддршка за младите и маргинализираните групи.

Овој извештај дава преглед на напредокот во реализацијата на граѓанските приоритети во секоја од вклучените општини, вклучително и на предизвиците со кои се соочуваат локалните власти при исполнување на приоритетите.

Мониторингот покажува дека во изминатите четири години, општините односно локалните власти, настојувале да ги адресираат и реализираат клучните приоритетите идентификувани од граѓаните.

Сепак, евидентно е дека повеќето од граѓанските приоритети не се целосно реализирани односно дека се во фаза на реализација. Инфраструктурните приоритети (водоснабдување, отпад, канализација) најчесто се делумно реализирани. Во сите општини што беа опфатени со мониторингот, за овие прашања има започнати активности, но нивната реализација е во тек.

Реализацијата на приоритетите е нерамномерна и често зависи од достапноста на финансиски средства, меѓуинституционалната координација и соработка, како на локално, така и на национално ниво, но исто така, зависи и од степенот на вклучување на граѓаните и нивото на транспарентност и отчетност на општините.

Од друга страна, добрите практики на општините покажуваат дека преку редовна комуникација и вклучување на граѓаните, планирање на активности според реалните потреби, и ефикасно и транспарентно користење на расположивите ресурси, може да се постигнат видливи резултати кои водат кон реализација на граѓанските приоритети односно кон подобрување на јавните услуги и квалитетот на живот на локално ниво.

Мониторингот, исто така, покажа дека потребно е јакнење на институционалната координација, но и поддршка од централната власт, особено во сфери каде што локалните власти немаат доволно надлежности или капацитети, како што се регионално управување со отпад, водоснабдувањето и др..

За да можат општините навремено да ги планираат и реализираат граѓанските приоритети, особено оние кои претставуваат капитални инвестиции, потребна е финансиска децентрализација и предвидливо буџетирање.

Потребно е да се развијат јасни и мерливи планови за одржливо управување со јавниот простор, сообраќајот и комуналните услуги, како и континуирано јакнење на капацитетите на општинската администрација, особено во делот на дигитализација, комуникација со јавноста и стратешко планирање.

Едновремено, треба да се унапреди учеството на граѓаните преку институционализирани форуми, јавни расправи, консултации, дигитални алатки.

Овој мониторинг е реализиран во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Прочитајте ги наодите од Мониторингот: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во периодот 2022 – 2025 година.

Претходен напис

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

Следен напис

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

Поврзани Написи

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025
Следен напис

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.