За потребите на Форумот за граѓански дијалог, за идентификување на граѓански приоритети на кои треба да работат новите локални власти во шест општини: Штип, Струга, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Демир Хисар, НВО Инфоцентар спроведе анонимни онлајн анкети.
Анализа на резултатите од спроведените анкети покажуваат дека најголемиот број барања и предлози на граѓаните се однесуваат на основните услуги во надлежност на општините – водоснабдување, улична инфраструктура и собирање комунален отпад. Во повеќе одговори се појавува и потребата од подобро уредување на јавниот простор и поодговорен урбанистички развој.
Анкетираните граѓани покажуваат јасен интерес и загриженост за состојбата со загадувањето, управувањето со отпадот и заштитата на зелените површини, што дополнително потврдува дека квалитетот на животот на локално ниво не зависи единствено од инфраструктурата, туку и од взаемната поврзаност на одговорното урбано планирање, и одржливото управување со природните и јавните ресурси.
Добиените резултати покажуваат сличности меѓу општините, што пак укажува на идентични системски предизвици во управувањето со локалните проблеми и воспоставувањето ефективен дијалог меѓу локалната власт и граѓаните.
Прочитајте го целосниот текст на Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво.
Анкетите се е дел од активностите на Форумот за граѓански дијалог, а во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, кој е финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.













