No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Граѓанските приоритети и новите локални власти

NVO Infocentar од NVO Infocentar
17/12/2021
во Активности
0
161
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

ФОРУМ ЗА ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОГ – ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Во пресрет на Локалните избори 2021, шест партнерски граѓански организации (НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ), во соработка со уште три граѓански организации – Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми, го формираа Форумот за граѓански дијалог.

Основната цел на овој форум беше да се поттикне директното учеството на граѓаните во јавната дискусија, во идентификувањето на локалните проблеми и потреби, како и во утврдувањето на главните приоритети во нивните локални заедници. Форумот реализираше серија активности кои опфатија девет општини: Центар, Битола, Штип, Тетово, Струга, Кавадарци, Крива Паланка, Свети Николе и Демир Хисар.

Преку 18 консултативни средби со граѓаните, 9 јавни дебати и средби со кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници, 9 средби со избраните градоначалници и советници во локалните самоуправи, како и онлајн анкети, Форум ги опфати мислењата и ставовите на преку 500 граѓани кои идентификуваа вкупно 250 приоритети во повеќе области.

Главните приоритети кои граѓаните очекуваат да ги решат новите локални власти се:

  • Изградба на катни и подземни гаражи и воспоставување сообраќаен ред.
  • Конзервирање или санација на депониите.
  • Ефикасно управување со отпадот.
  • Изградба на пречистителни станици и колекторски системи.
  • Воспоставување комунален ред со комунални редари и комунална полиција.
  • Носење нови генерални и детални урбанистички планови.
  • Уредување на јавните површини со зеленило и паркови.
  • Изградба на пешачки и велосипедски патеки.
  • Изградба на улици во градските подрачја и локални патишта во руралните средини.
  • Санација и изградба на водоводна и канализациска мрежа.
  • Заштита на реките од загадување и уредување  на речните корита.
  • Привлекување инвестиции и на локалниот економски развој.
  • Поттикнување на претприемништвото и форимирање на социјални претпријатија.
  • Стимулации за младите и ефикасни младински политики (поддршка на младите претприемачи, стипендии за талентирани млади).
  • Поефикасни, потранспарентни и отчетни општински служби и власти.
  • Редовни преноси (преку онлајн streaming технологија) на седниците на советите на општините.
  • Поголемо партиципативно учество на граѓаните во креирањето и спроведувањето политиките на локално ниво.
  • Поголема финансиска поддршка на социјално ранливите семејства и граѓаните.
  • Ревитализација на месните и урбаните заедници.
  • Изградба на домови за стари лица.
  • Уредување на спортски игралишта и објекти.
  • Решавање на проблемот со уличните кучиња.

Прочитајте го целосниот извештај од работата на Форумот, како и специфичните приоритети по општини.

Форумот за граѓански дијалог се спроведе во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, во периодот август – декември 2021 година.

Претходен напис

Поимник за имунизација против Ковид-19

Следен напис

Младинска еко-патрола во Маврово и Ростуше

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Младинска еко-патрола во Маврово и Ростуше

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.