No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Менторска поддршка за родово сензитивно известување

NVO Infocentar од NVO Infocentar
18/06/2026
во Во фокус, Активности, Проект - Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)
0
160
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

НВО Инфоцентар продолжува со реализација на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“, чија цел е зајакнување на капацитетите на локалните и регионалните медиуми за известување за прашања од јавен интерес низ призмата на родовата еднаквост и родово сензитивниот пристап.

Во текот на јуни 2026 година беше реализирана првата фаза од менторската програма, која опфати пет менторски сесии со пет тимови составени од новинарка и граѓанска активистка од различни делови на државава. Во фокусот на менторството беше изборот на теми од јавен интерес кои ќе бидат обработени низ призмата на родовата еднаквост и родово сензитивното известување. Секој од тимовите мапираше прашања и предизвици релевантни за локалните заедници, како основа за подготовка на идните новинарски содржини.

Во рамки на менторските сесии, учесничките добија поддршка во изборот и прецизирање на темите, дефинирање на новинарскиот пристап, идентификување релевантни извори и соговорници, како и насоки за примена на етичките стандарди и принципите на родово сензитивното известување. Посебно внимание беше посветено на обезбедувањето родова перспектива во обработката на темите и нивната релевантност за локалните заедници.

Како дел од проектните активности, беа одржани и дополнителни средби во Куманово, Крива Паланка и Штип, за подготовка на информативно-едукативни сесии наменети за редакциите на локалните медиуми. Средбите беа насочени кон изнаоѓање практични начини за пренесување на знаењата и вештините стекнати за време на обуките за родова еднаквост и родово сензитивно известување. Се разговараше за можните формати на сесиите, тематските приоритети и практичните пристапи за вклучување на новинарите и другите медиумски работници во дискусии за родово сензитивно новинарство, инклузивни практики во известувањето, етички стандарди, разновидност на извори и застапеност на жените и маргинализираните групи во медиумските содржини.

Во следната фаза, тимовите ќе работат на натамошно развивање на избраните теми, собирање информации и подготовка на новинарски содржини, со континуирана менторска поддршка во текот на целиот процес.

Преку комбинирање обуки, менторска поддршка и споделување знаења во редакциите, проектот придонесува за поинклузивно, побалансирано и поодговорно новинарство, како и за зајакнување на локалниот медиумски плурализам и поголема видливост на различните општествени перспективи и искуства во медиумскиот простор.

Овој прилог е изработен во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РEM)“, спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од проектот MEdIA–Lit, спроведуван од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора (CCE/CGO), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Тиранскиот центар за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.

Претходен напис

Обука за новинарки и активистки за родово сензитивно известување

Поврзани Написи

Активности

Обука за новинарки и активистки за родово сензитивно известување

04/06/2026
Во фокус

Повик за новинарки и активистки: Заедно креирајте приказни од вашата заедница!

15/04/2026
Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.