Во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (REM)“, НВО Инфоцентарот ја започна серијата од пет онлајн едукативни сесии со фокус на родовата еднаквост и родово сензитивното, етичко и одговорно локално и регионално новинарство .
На сесиите учествуваат пет тимови, составени од една новинарка и една граѓанска активистка, кои преку интерактивни и партиципативни методи, вклучувајќи студии на случај, групни дискусии и практични вежби ги надградуваат своите знаењата за родовата еднаквост, родовите стереотипи, родово заснованото насилство, родовите дензинформации, како и за родово сензитивното известување и користењето родово сензитивен јазик во јавната сфера.
Првите две онлајн сесии се одржаа на 21 мај 2026, под раководство на Неда Чаловска, адвокатка и експертка за родова еднаквост, недискриминација, родово базирано насилство, и антидискриминација. Сесиите беа посветени на родовата еднаквост, родово заснованото насилство и дигиталното родово засновано насилство, како и на постојните механизми за заштита од дигитално родово засновано насилство.






Следните две сесии, одржани на 27 мај 2026, беа посветени на родово сензитивното известување, како и за известувањето за родово заснованото насилство, со новинарот и експертот за родова еднаквост и родово сензитивно новинарство, Огнен Јанески.



Во последниве години, сведоци сме на систематско ширење на антиродови наративи кои ги прикажуваат родовата еднаквост и сродните политики како закани за традиционалните вредности и општествените норми. Овие наративи се особено засилени на локално ниво, каде што ограничениот пристап до проверени информации, послабите медиумски капацитети и силните локални политички и социјални влијанија создаваат ранлива средина за поларизирани и погрешни толкувања на прашањата поврзани со родот.
Релевантноста на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“е особено силна во услови кога медиумскиот пејзаж во Северна Македонија се карактеризира со значителен број локални и регионални медиуми, особено онлајн портали, во кои внатрешните политики на редакциите поврзани со родовата еднаквост и безбедност честопати отсуствуваат или остануваат чисто декларативни.
Главната цел на проектот е зајакнување на професионалниот капацитет на локалните и регионалните медиуми во Северна Македонија за остварување на слободата на изразување, подобрување на пристапот до информации и промовирање на медиумскиот плурализам преку родово сензитивно, етичко и одговорно новинарство.
Овој прилог е изработен во рамки на проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РEM)“, спроведуван од НВО Инфоцентар, со поддршка од проектот MEdIA–Lit, спроведуван од Центарот за граѓанско образование од Црна Гора (CCE/CGO), во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија (MHC), Тиранскиот центар за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.






