No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Отворен повик за учесници на тематската сесија на POLITEIA: „Улогата на менталното здравје на младите во градењето отпорно општество“!

NVO Infocentar од NVO Infocentar
21/10/2025
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
165
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

📍 Тирана, Албанија | 14–16 ноември 2025 година

🗓️ Рок за аплицирање: 31 октомври 2025 година

Ве покануваме да аплицирате за тематската сесија на POLITEIA „Улогата на менталното здравје на младите во градењето отпорно општество“, која ќе се одржи од 14 до 16 ноември 2025 година, во Тирана, Албанија.

Целта на сесијата е да им обезбеди на младите учесници сеопфатно разбирање на предизвиците, трендовите и рамките на политиките поврзани со менталното здравје на младите во Западен Балкан. Учесниците ќе истражат како менталното здравје се преплетува со образованието, вработувањето и социјалната инклузија и како јавните политики можат да ја подобрат благосостојбата на младите во контекст на европската интеграција.

По тематската сесија на POLITEIA, ќе се организира ден за менторство, за време на кој учесниците ќе работат со експерт ментор за да развијат препораки за политики и да ги анализираат постојните политики за ментално здравје на младите на национално и регионално ниво.

Кој може да аплицира?

Учеството на тематската сесија POLITEIA е отворено за претставници на младински организации, млади активисти, донесувачи на одлуки и млади членови на политички партии од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија (на возраст од 18+ години).

Потребни услови за аплицирање:

• Возраст: 18–29 години

• Искуство или докажан интерес за јавни политики, социјална инклузија или европска интеграција

• Добро познавање на англискиот јазик (работен јазик на сесијата)

• Достапност за присуство на дводневниот настан во Тирана

📩 Формулар за аплицирање:

https://forms.gle/SPabzwGj8eCoXpqE8

🕓 Краен рок за аплицирање: 31 октомври 2025 година

Учеството на тематската сесија POLITEIA е бесплатно!

Организаторот ќе ги покрие трошоците за сместување, оброци и патување.

Работен јазик: англиски

Тематската сесија POLITEIA е организирана во рамките на тригодишниот проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија. Проектот „Регионален младински дијалог за Европа“ го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Белград (како координатор на проектот), во партнерство со Академијата за европска интеграција и преговори од Тирана, Иницијативата за стабилност на Косово од Приштина, Мрежата на прогресивни иницијативи од Сараево, НВО Инфоцентарот од Скопјe, Регионалната академија за демократски развој) од Нови Сад и Центарот за младински активизам од Тирана.

Претходен напис

Tрибина со кандидатите за градоначалници во Свети Николе

Следен напис

Младите од Гостивар сакаат да бидат слушнати и да се третираат како партнери

Поврзани Написи

Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Следен напис

Младите од Гостивар сакаат да бидат слушнати и да се третираат како партнери

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.