На 27 ноември 2024, Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе ја организираше јавната расправа „Дијалог во заедницата- преку консултации до решавање на проблеми на жените“.

На настанот се презентираа приоритетите кои беа потенцирани од страна на граѓаните како и мониторингот кој беше направен заедно со резултатите кои досега се постигнати. Овие приоритети беа детектирани во изминатите активности од претходните години на имплементација на оваа иницијатива и се од особена важност за граѓаните на општина Свети Николе: сообракајни проблеми, комунални проблеми, општински услуги, водовод и канализации, спорт, здравство и др.
На дебатата учество зедоа жени од женските кружоци Свети Николе, Ерџелија, Мустафино, Сопот, Амзабегово, Црнилиште, Пеширово, Горобинци, како и преставници од општина Свети Николе.
Настанот е дел од активностите на Форумот за граѓански дијалог, предводен од НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.