No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Тематската сесија „Младите и политиките за вработување во Западен Балкан“

NVO Infocentar од NVO Infocentar
22/11/2023
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
_autotone

_autotone

164
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Дванаесет млади од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија учествуваат тематската сесија „Младите и политиките за вработување во Западен Балкан“, како дел од проектот „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“.

Учесниците, млади професионалци, студенти, млади активисти, креатори на политики и млади од политички партии, дискутираат за постојните политики за вработување млади во регионот на Западен Балкан.

Под водство на предавачите Драган Атанасов и Анелија Митрова, учесниците имаат можност да се запознаат со постојните политики за вработување во регионот на Западен Балкан, да анализираат конкретни политички документи поврзани со младите и вработувањето, а ќе се запознаат и со студии на случај со цел да добијат подлабоко разбирање за содржината и влијанието на овие политики.

Тематската сесија ќе овозможи длабинско разбирање за структурата на креирањето документи за јавна политика, поставување на цели и мерки, правни анализи, мерење на општественото влијание на јавната политика, влијанието врз младите и врз ранливите групи.

Во продолжение на тематската сесија „Младите и политиките за вработување во Западен Балкан“ секој од учесниците ќе има можност, со водство на ментор да го вежба стекнатото знаење за подготовка и анализа на документи за јавни политики политики.

Проектот Регионален младински дијалог за Европа го спроведува Фондацијата Центар за демократија (CDF), Белград (како координатор на проектот) и партнерските организации: Академија за европска интеграција и преговори од Тирана (AIEN); Иницијатива за стабилност на Косово од Приштина (IKS); Мрежа на асоцијација на прогресивни иницијативи од Сараево (NPI); НВО Инфоцентар од Скопје; Регионална академија за демократски развој од Нови Сад (ADD); Младински Акт Центар од Тирана (YA). Проектот е финансиран од Европската Унија.

_autotone
Претходен напис

Лицата со попреченост бараат пристап, вработување и комуникација со заедницата

Следен напис

Анализа – Вклученост на лицата со попреченост во јавниот живот на општина Крива Паланка

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Следен напис

Анализа - Вклученост на лицата со попреченост во јавниот живот на општина Крива Паланка

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.