No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО POLITEIA 2023!

NVO Infocentar од NVO Infocentar
22/05/2023
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
312
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Ве покануваме да аплицирате за Регионалната школа за младинско учество POLITEIA, која ќе се одржи од 6 до 12 јули 2023 година, во Ниш, Србија.

Првата школа за граѓанско општество POLITEIA се одржа во 1997 година, и на неа младите се стекнаа со знаења за демократските и европските вредности. Оттогаш, стотици млади луѓе се мотивирани активно да учествуваат во општествените и политичките процеси. POLITEIA е препознаена како една од водечките неформални едукативни програми поради големиот избор предавачи, интерактивниот пристап, како и изборот на учесници. POLITEIA почна да се спроведува на регионално ниво во рамки на тригодишниот регионален проект „Регионален младински договор за Европа – RYCE“ (2018-2021).

Сега, учеството на POLITEIA им достапно на младите од целиот регион на Западен Балкан. Регионалната школа POLITEIA годинава се организира во рамки на тригодишниот регионален проект „Регионален дијалог за Европа“ финансиран од  Европската Унија.

Некои од главните прашања на овогодишната POLITEIA ќе бидат:

• Европската Унија и проширувањето – Западен Балкан и пристапувањето во ЕУ: стагнација или напредок?

• Национален, регионален и европски идентитет – како можеме да ги поврземе?

• Каков економски и социјален напредок носи усвојувањето на европските стандарди?

• Каква земја и општество сакаме да изградиме?

• Јавен простор – инклузивен, демократски, без говор на омраза и лажни вести

• Кои се домашните задачи на патот кон ЕУ? Како ЕУ ни помага да ги постигнеме?

• Клучни предизвици на национално и регионално ниво.

• Регионална соработка – услов за влез во ЕУ или реална потреба на Западен Балкан?

• Што се јавни политики и како се дизајнирани?

• Какви се младинските политики во ЕУ и Западен Балкан?

• Дијалог меѓу младите и одлучувачите – како се организира, кој учествува во него, што се дискутира?

Учеството на Регионалната школа за младинско учество POLITEIA Западен Балкан е отворено за средношколци, студенти, млади професионалци и активисти, од 18 до 25 години, од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово*, Србија и Северна Македонија. Учесниците ќе бидат избрани според нивните академски, активистички и други достигнувања, како и нивната мотивација да бидат дел од алумни мрежата на POLITEIA.

Подобни за учество се оние кандидати кои ќе покажат особен интерес за стекнување нови знаења за социјалните, економските и политичките придобивки од европската интеграција на Западен Балкан, младинските политики, младинското вмрежување на регионално и европско ниво, како и механизмите за учество во процесот на креирање и спроведување на јавната политика.

На учесниците на POLITEIA ќе им биде доделен сертификат за успешно завршување на Регионалната школа за младинско учество POLITEIA.

Крајниот рок за поднесување апликација е 4 јуни 2023 година.

Апликација за учество на Регионалната школа за младинско учество POLITEIA 2023

Учеството во Регионалната школа за младинско учество POLITEIA 2023 е бесплатно. Организаторот ги покрива сите трошоци за сместување, храна и патување.

Претходен напис

Менторска поддршка за рурални жени од Дебар и Центар Жупа

Следен напис

Обука: Мониторинг план, собирање и обработка на податоци

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Следен напис

Обука: Мониторинг план, собирање и обработка на податоци

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.