No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

NVO Infocentar од NVO Infocentar
17/01/2025
во Анализи, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
215
СПОДЕЛУВАЊА
1.7k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Во рамките на проектот RYDE, НВО Инфоцентарот, преку Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи, ја поддржа неформалната група млади истражувачи од Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, наречена Diversity Youth.

Со идеја да придонесат кон унапредување на правата на младите од самохрани семејства, истражувачите од Diversity Youth подготвија Компаративна анализа на усогласеноста на постојните младински политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.

Истражувањето користи компаративен пристап за да ги оцени законодавните рамки и политиките за самохрани и еднородителски семејства во трите земји, преку собирање податоци од примарни извори, правни документи како што се закони за семејство, регулативи за социјална заштита, младински политики, стратегии и сл.

Во извештајот е поместена анализа за секоја земја поединечно, како и компаративна анализа на сличностите и разликите помеѓу состојбите во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.

Според наодите од анализата Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина имаат уникатни предности, како и области во кои можат да се подобрат во рамки на своето законодавство и младински политики кои се однесуваат на самохраните семејства.

Северна Македонија се истакнува со својата централизирана и кохезивна законска рамка, што обезбедува конзистентни дефиниции и придобивки за самохраните семејства низ целата држава. Нејзините младински политики конкретно ги опфаќаат потребите на младите луѓе од овие семејства и нудат пристапни патеки до придобивките за образование и заштита. Ваквиот централизиран пристап ја прави Северна Македонија модел за усогласена и инклузивна поддршка, која обезбедува предвидливост и стабилност за самохраните семејства кои имаат потреба од социјални услуги.

Србија исто така има придобивки од својот централизиран законодавен систем, кој обезбедува усогласен стандард за самохраните семејства низ целата држава. Нејзините младински политики, иако имаат широк опсег ја опфаќаат  социјалната  инклузија  и образовната  поддршка за сите млади луѓе, сепак со тоа индиректно ги поддржуваат и оние од самохраните семејства. Меѓутоа, Србија може да ја зајакне својата рамка со тоа што ќе вгради таргетирани одредби, со кои конкретно се опфаќаат потребите на младите од самохрани семејства, за што може да извлече инспирација од фокусираната младинска стратегија на Северна Македонија.

Босна и Херцеговина, за разлика од нив, се соочува со предизвици поради својата децентрализирана владина структура, што резултира со различни нивоа на поддршка низ различните ентитети во државата. Неусогласените дефиниции и политики во Федерацијата Босна и Херцеговина, Република Српска и областа Брчко доведуваат до неконзистентен пристап до ресурсите за самохраните семејства. Иако областа Брчко нуди најсеопфатната поддршка, овој стандард не е прикажан и на национално ниво. Поновите младински стратегии на нивоа на ентитет имаат за цел да ги подобрат условите за младите луѓе, меѓутоа им недостигаат конкретни одредби за самохраните семејства, што ја ограничува нивната ефективност во исполнување на уникатните потреби на оваа демографска група. Постоењето на унифицирана национална рамка може да помогне да се пополнат овие празнини, преку стандардизирање на Законот за семејство и придобивките за младите низ целата држава.

Општо земено, Северна Македонија нуди модел за интегрирана поддршка, Србија нуди стабилна законодавна основа со отворен простор за таргетирани подобрувања, а Босна и Херцеговина го покажува потенцијалот за локализиран успех и покрај својот фрагментиран систем. Сите три држави можат да имаат придобивки од меѓусебно учење: таргетираните младински политики на Северна Македонија можат да ја инспирираат Србија, додека Босна и Херцеговина може да научи од централизираниот пристап на Северна Македонија и Србија, со цел да ја подобри својата конзистентност. Со меѓусебно усвојување на најдобрите практики, сите три држави можат да ја подобрат својата поддршка за самохраните семејства и да развијат поинклузивни и поефективни младински политики.

Прочитајте го целосниот текст на Компаративната анализа на усогласеноста на постојните младински политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.

Текстот на анализата е достапен и на англиски и српски јазик:

ENG – Youth Policies for Single Parents and One-parent Families in the Western Balkans

SRB – Youth Policies for Single Parents and One-parent Families in the Western Balkans

Активноста е поддржана од Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи на тригодишниот регионален проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија во периодот од 2023 до 2026 година, преку Програмата на ЕУ за граѓанско општество и медиуми за Западен Балкан и Турција 2021-2023 (ИПА III). Проектот RYDE го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија како водечки партнер во соработка со партнерските граѓански организации од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Апликациите за тематската сесија на ПОЛИТЕА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ се отворени!

Следен напис

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

Поврзани Написи

Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Во фокус

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

25/06/2025
Во фокус

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен!

18/06/2025
Во фокус

Трета регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

23/05/2025
Во фокус

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

24/02/2025
Следен напис

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.