Во Скопје, на 17 септември 2025, беше промовирана анализата „Кина во македонските медиуми: анализа на наративи и влијание“, изработена од НВО Инфоцентар. Истражувањето се фокусира на тоа како се прикажува Кина во домашниот медиумски простор и какво влијание имаат овие наративи врз јавното мислење и демократските процеси.
На настанот учествуваа новинари, медиумски експерти и претставници на граѓански организации. Тие разговараа за улогата на медиумите во пренесувањето на меѓународните теми, како и за значењето на критичкиот пристап при обработка на информации од странски извори.
Анализата посочува дека одредени медиумски содржини можат да придонесат за формирање на позитивни, но и еднострани претстави за Кина, без доволно контекст и проверка. Со тоа, според авторите, се отвора прашањето за влијанието врз јавниот дискурс и можните политички импликации.
Целта на анализата е да поттикне поширока дебата за присуството на странски наративи во македонските медиуми и за потребата од транспарентно и балансирано информирање.
Целосната анализа е достапна на следниот линк Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание.











