No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен!

NVO Infocentar од NVO Infocentar
18/06/2025
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
230
СПОДЕЛУВАЊА
1.8k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен. Фондот е дел од проектот Регионален младински дијалог за Европа (RYDE), финансиран од Европската Унија.

Главната цел на овој повик е да ги зајакне креативните групи во Западен Балкан, особено неформалните, преку обезбедување финансиска поддршка за иницијативи кои имаат за цел:

  • Зголемување на младинскиот активизам во заедниците и учество во структуриран дијалог со носителите на одлуки за јавните политики релевантни за младите;
  • Залагање за усвојување на европските вредности и зајакнување на демократски и одговорни институции;
  • Промовирање на регионалната соработка и политичките, економските и социјалните придобивки од интеграцијата во ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Вкупниот расположлив буџет на Фондот за активни достигнувања за 2025 година е 15.000 евра. Регионалните неформални групи можат да аплицираат за финансиска поддршка за проект кој мора да биде помеѓу следниов минимален и максимален износ:

минимален износ: 2.000 ЕУР

максимален износ: 4.000 ЕУР

Само неформални групи имаат право да аплицираат на овој Повик за предлози. Овие групи не се формално регистрирани и имаат ниско ниво на формалност и слаби технички и менаџерски вештини. Повикот е отворен за неформални групи кои спонтано се собрале за да решат проблем во локалната заедница, со приоритет на поединците кои учествуваа во активностите на RYDE како што се Politeia, тематските сесии на Politeia, лаборатории за младински политики и програмата за практикантска работа.

Регионалните групи ќе бидат составени од најмалку 5 млади луѓе на возраст од 16-30 години кои, државјани на најмалку 3 од петте земји од Западен Балкан во кои се спроведува проектот RYDE (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија). Најмалку едно лице од неформалната група мора да биде полнолетно за да се потпише договорот за имплементација на проектот.

Поддршката ќе биде обезбедена преку директни плаќања спроведени од партнерските организации на RYDE кои ќе дејствуваат како посреднички организации за конкретниот проект. Со предлог-проектот, апликантите треба да ја изберат земјата домаќин на проектот која последователно ќе определи која партнерска организација ќе дејствува како организација посредник. Партнерските организации ќе извршат плаќања за направените трошоци според одобрениот мал буџет на проектот.

Земја домаќинГрадПартнерски организацииКонтакт
АлбанијаТиранаЦентар за младинска акцијаinfo@youthact.al
Босна и ХерцеговинаСараевоМрежа за прогресивни иницијативиinfo@mpi.ba
КосовоПриштинаИницијатива за стабилност на Косовоinfoj@iksweb.org
Северна МакедонијаСкопјеНВО Инфоцентарcontact@nvoinfocentar.org.mk
СрбијаНови СадРегионална академија за демократски развојoffice@regionaladd.org

Времетраењето на проектите е од три до шест месеци.

Избраните неформални групи имаат обврска да ги реализираат своите проекти во периодот од 1 август 2025 до 31 јануари 2026 година.

Крајниот рок за поднесување апликации е 18 јули 2025 година во 20:00 часот по средноевропско време.

Кандидатите треба да аплицираат на англиски јазик и да ги достават своите апликации електронски на е-поштата: info@iksweb.org

Подолу можете да ги најдете Упатството за регионални неформални групи и Анексите потребни за апликацијата за проектот.

Guidelines for regional informal groups_Active Achievement Fund for Regional Informal Groups 2025

Annex I – Application Form

Annex II – Budget Proposal

Annex III – Statement

Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи претставува финансиска поддршка на трети страни, односно активност за регрантирање на тригодишниот регионален проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија во периодот од 2023 до 2026 година.

Проектот RYDE го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија како водечки партнер во соработка со партнерските граѓански организации од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Трета регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

Следен напис

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.