No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

NVO Infocentar од NVO Infocentar
30/12/2025
во Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
163
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Форумот за граѓански дијалог, преку организациите членки, потпиша Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 со општините Струга, Крива Паланка, Штип, Демир Хисар, Свети Николе и Крушево.

Потпишувањето на меморандумите е завршна активност во процесот на консултации со граѓаните од овие општини за утврдување на локалните приоритети. Со потпишувањето Меморандум, градоначалниците преземаат обврска за реализација на приоритетите произлезени од директните консултации со граѓаните.

Форумот за граѓански дијалог го спроведе консултативниот процес во пресрет и за време на локалните избори 2025 година (септември–октомври), во шесте општини и во него беа вклучени над 1100 граѓани преку неформални средби со различни групи, онлајн анкета, шест јавни консултативни средби со граѓаните во секоја општина, како и шест јавни трибини на кои граѓаните директно разговараа со кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи.

Сите активности во рамки на консултативниот процес беа насочени кон три клучни цели:

  • Идентификување на најважните локални приоритети според граѓаните;
  • Поттикнување на директен и транспарентен дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за локална власт;
  • Зголемување на веројатноста овие приоритети да бидат интегрирани во програмите и работата на новоизбраните власти.

Средбите опфатија различни групи граѓани – жени од селски средини, млади, постари лица, локални бизниси, припадници на ранливи категории и локални граѓански актвисти. Овој пристап овозможи граѓаните да ги артикулираат проблемите од своето секојдневие: од инфраструктурни предизвици, преку јавни услуги и сообраќај, до прашања поврзани со локалниот развој, квалитетот на живот и поддршката за младите, жените и ранливите категории.

Паралелно, јавните консултативни средби го зацврстија процесот на заедничко разгледување и рангирање на предлозите. Во сите општини доминираа исти или слични потреби: обезбедување чиста вода за пиење, канализација и пречистителни станици; одржливо управување со отпадот; реконструкција на локалната патна инфраструктура, регулирање на сообраќајот и паркинзите; унапредување или воспоставување јавен превоз; подобрување на образовната и спортската инфраструктура; отворање функционални младински центри и др.. Разликите по општини произлегуваат од локалните специфики, на пример, туризмот во Крушево и др. Детален преглед на утврдените приоритети, по општини, ќе најдете во нашиот извештај Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес.

Главниот дел од процесот беше затворен со шест јавни трибини, на кои кандидатите за градоначалници ги слушнаа приоритетите утврдени од граѓаните и дадоа свои ставови, предлози и ветувања. Поголемиот број кандидати во секоја општина учествуваа активно, а граѓаните ги искористија трибините да добијат конкретни одговори и објаснувања за изводливоста на предложените приоритети и потреби. Повеќето кандидати изразија подготвеност да ги поддржат граѓанските приоритети, со напомена дека дел од нив ќе зависат од финансиските и административните можности на општините.

Потпишувањето Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 од страна на сега веќе избраните градоначалници го заокружи консултативниот процес.

Форумот за граѓански дијалог (ФГД) е мрежа на граѓански организации координирана од НВО Инфоцентар. Активни членки на мрежата се: Гласен Текстилец – Штип, Младински културен центар – Битола, РЦС Спектар – Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени – Свети Николе и Центарот на заедницата на Општина Струга. Консултативниот процес на Форумот за граѓански дијалог се реализираше во рамки на проектот: „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Претходен напис

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

Поврзани Написи

Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025
Во фокус

Покана за тематската сесија на POLITEIA „Јавни политики за независност на домувањето на младите од Западен Балкан“

05/12/2025

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.