No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

NVO Infocentar од NVO Infocentar
26/01/2026
во Анализи, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
164
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Истражувањето „План Б(алкан): Млади за реформи“ ја анализира улогата и значењето на новиот ЕУ План за раст за Западен Балкан врз младите, како и нивната улога во обликувањето на реформските процеси во регионот.

Како што земјите од Западен Балкан се приближуваат кон интеграцијата во Европската Унија, вклучувањето и учеството на младите стануваат клучни за постигнување одржлив раст, социјална кохезија и демократска отпорност.

Планот за раст за Западен Балкан, лансиран од Европската комисија во 2023

година, има за цел да го забрза социо-економското приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, преку обезбедување пристап до делови од единствениот пазар и зголемена финансиска поддршка во замена за конкретни реформски обврски.

Младите од Западен Балкан се соочуваат со многу заеднички предизвици: висока невработеност, недостиг на зелени и дигитални вештини, ограничено или речиси непостоечко политичко учество (во зависност од земјата), како и постојан одлив на млади кадар низ Европа и светот. Но истовремено, тие се една од најдинамичните сили на промената во регионот.

Фокусирајќи се на Северна Македонија, Србија и Албанија, ова истражување ги анализира реформските приоритети и финансиските механизми на Планот за раст, и како тие можат да создадат нови можности за младите, да ја зајакнат регионалната соработка и да ја поддржат транзицијата кон инклузивна, иновативна и одржлива економија.

Конечно, План Б(алкан) има за цел да даде придонес во политичките дискусии преку идентификување конкретни препораки за владите, институциите на ЕУ и младинските организации, со цел Планот за раст навистина да им користи на младите, да биде разбирлив за нив и да ја зајакне нивната улога во процесот на интеграција во Европската Унија.

Истражувањето го спроведе неформалната група млади истражувачи од Северна Македонија, Србија и Албанија, наречена GenWB, во рамките на Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи на проектот RYDE.

Прочитајте ја целосната анализа План Б(алкан): Млади за реформи.

Текстот на анализата е достапен и на англиски, српски и албански јазик:

Alb – Plan B(alkan) Youth for Reform

Srb – Plan B(alkan) Youth for Reform

Eng – Plan B(alkan) Youth for Reform

Активноста е поддржана од Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи на тригодишниот регионален проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, финансиран од Европската Унија во периодот од 2023 до 2026 година, преку Програмата на ЕУ за граѓанско општество и медиуми за Западен Балкан и Турција 2021-2023 (ИПА III). Проектот RYDE го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија како водечки партнер во соработка со партнерските граѓански организации од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово*), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

Поврзани Написи

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.