No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

NVO Infocentar од NVO Infocentar
12/09/2025
во Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
164
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

И природните и синтетичките ткаенини имаат свој еколошки отпечаток, но влијаат врз природата на различни начини. Еве ја споредбата:

►Памук – Природен, но “жеден”. Производството на памук бара голема потрошувачка на вода. За само една памучна маица, потребни се околу 2.700 литри вода. Сепак, памукот е биоразградлив, се разградува природно со текот на времето. Сепак, традиционалното одгледување памук користи 10 – 16% од светската потрошувачка на средства за заштита на растенијата, што ја уништува почвата и биодиверзитетот.

Памукот е пријатен за кожата. Доколку бираме памук, органскиот памук е подобар избор, бидејќи е произведен без токсични хемикалии и со помала потрошувачка на вода.

►Синтетика (полиестер, најлон и сл.) – Издржлива, но загадувачка. За синтетиката се користи помалку вода при производство. Се произведува од нафта, со што придонесува за емисии на стакленички гасови. Се разградува со векови и испушта микропластика. Една полна машина за перење синтетички материјали може да ослободи 700.000 микро-влакна кои завршуваат во водите. И рециклираниот полиестер (rPET) продoлжува да испушта микропластика.

Која ткаенина е поодржлив избор?

Нема совршена ткаенина, но органскиот памук има помал еколошки отпечаток доколку е одгледан одговорно.

Како да направиш подобар избор?

– Купувај помалку облека, купувај свесно.

– Избирај материјали од 100% органски памук.

– Пери ја синтетичка облека во машина со филтер за микро-влакна*.

*Микро-влакната не можат да се рециклираат заедно со други предмети, како пластика и алуминиум. Сепак, некои компании работат на решение за нивно рециклирање или пренамена. Како моментално решение се препорачува нивното отстранување во затворен, не рециклирачки сад намалувајќи го ризикот од нивно завршување во водата.

Акцијата“Мода со повисока свест” ја спроведува Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – IPECC Скопје, во соработка со НВО Инфоцентар, во рамките на проектот „Здружени за активно граѓанство“, поддржан од Европската Унија.

Претходен напис

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

Следен напис

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

Поврзани Написи

Анализи

План Б(алкан): Млади за реформи

26/01/2026
Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

25/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Следен напис

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.