No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Мониторинг: Општините и социјалните услуги во заедницата

NVO Infocentar од NVO Infocentar
06/11/2024
во Во фокус, Анализи, Активности, Проект - Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво
0
221
СПОДЕЛУВАЊА
1.7k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Усвојувањето на Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“ во 2018 година, во Република Северна Македонија го зацрта преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби. Во 2019 година стапи во сила новиот Закон за социјална заштита, чија цел е да се воведат системски промени кои овозможуваат непречено реализирање на тековните процеси на деинституционализацијата, децентрализацијата и плурализацијата во обезбедувањето социјални услуги.

Носители на социјалната заштита, покрај државата се и општините и градот Скопје. Тие треба да усвојуваат мерки за социјална заштита и да воведат нови квалитетни социјални услуги што ќе одговорат на потребите на заедницата. Според законот, општините, исто така, добија и значително поважна улога за стратешко планирање и обезбедување услуги преку формирањето општински совети за социјална заштита и совети за социјална заштита на планските региони.

Законот за социјална заштита дефинира шест категории социјални услуги што треба да ги овозможат општините: (1) Услуги за информирање и упатување; (2) Стручна помош и поддршка; (3) Советување; (4) Услуги во домот (помош и нега во домот и лична асистенција); (5) Услуги во заедницата (дневен, времен престој, ресоцијализација, рехабилитација, реинтеграција, одмена на семејна грижа и куќа на половина пат) и (6) Услуги за вон-семејна заштита (живеење со поддршка, згрижување во друго семејство и сместување во установа).

Пет години по усвојувањето на законот, НВО Инфоцентарот во соработка со партнерските организации (Спектар од Крива Паланка, Организација на жените од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе и Активо од Велес), во периодот јуни – септември 2024 година, спроведе мониторинг на шест општини: Струмица, Ново Село, Свети Николе, Велес, Крива Паланка и Куманово.

Преку пристапот до информации од јавен карактер, интервјуа со општинската администрација и преку следење на интернет-страниците на општините, мониториравме како се спроведува Законот за социјална заштита односно мониториравме дали општините имаат социјален план, социјален совет и дали користат сервис од лиценцирани даватели на социјални услуги. Исто така, набљудувавме кои социјални услуги им се обезбедуваат на ранливите категории граѓани на локално ниво, дали се воведени нови социјални услуги, како се финансираат услугите и др.

Мониторингот се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Општи наоди

Податоците од мониторингот покажуваат дека речиси сите општини даваат социјални услуги, но тоа најчесто не се нови услуги, туку станува збор за услуги кои локалните самоуправи ги обезбедувале уште пред донесувањето на новиот закон.

Има општини кои и после пет години од влегувањето во сила на законот се уште не подготвиле и усвоиле социјален план. Некои општини, пак, го донеле социјалниот план дури годинава. Повеќето од општините кои имаат социјални планови и кои предвиделе бројни социјални услуги, се уште не ги обезбедиле планираните социјални сервиси за граѓаните.

Општина Ново Село нема социјален совет, нема социјален план и се уште не го започнала процесот за негова подготовка. Оваа општина не издвојува буџетски средства за реализација на социјални услуги, но сепак во општината се обезбедува сервис од еден лиценциран давател на социјални услуги со средства обезбедени преку МТСП.

Социјалниот план на Свети Николе е донесен во 2024 година, а формиран е и социјален совет. Во оваа општина нема лиценциран давател на социјални услуги.

Во Струмица се уште не е започнат процесот на изработка нов социјален план, иако постојниот истекува годинава. Во Социјалниот план на Општина Струмица (2021 – 2024) предвидени се вкупно седум социјални услуги, а според добиените информации, заклучно со 2023 година, обезбедени се само две услуги наменети за  стари и изнемоштени лица и за лица со попреченост. Општината има социјален совет, а на нејзина територија работат пет лиценцирани даватели на услуги.

Во социјалниот план на Крива Паланка за периодот од 2021 до 2024 година предвидени се девет нови социјални услуги. Досега се испорачуваат само три (дневен центар за лица со интелектуална и умерена попреченост, дневен центар за активно стареење,  и помош и нега во домот), а во фаза на реализација е домот за стари лица. Процесот за подготовка нов социјален план се уште не е започнат. Општината има социјален совет и еден лиценциран давател на социјални услуги.

Во Велес од десет предвидени социјални услуги во согласност со Социјалниот план 2021-2025, до крајот на 2023 година обезбедени биле само четири вида услуги (сервисни услуги за стари лица, персонална асистенција, центар за социјална инклузија и мал групен дом за лица со попреченост). Општината има социјален совет, а на нејзината територијата функционираат два субјекта лиценцирани даватели на услуги.

Иако Социјалниот  план  на Општина Куманово (2023-2026) се реализира неполни две години, најголем дел од предвидените социјални услуги веќе се воспоставени, а програмите за социјална заштита за 2023 и 2024 година се изготвени во согласност со овој стратешки документ. Општината има социјален совет, а лиценцирани се и неколку даватели на социјални услуги.

Повеќето од општините кои имаат социјален план не подготвуваат годишна програма на активности според донесениот социјален план. Програмите за реализација на социјалниот план сè уште се составен дел на годишните програми за социјална заштита. Станува збор за одамна усвоена практика. Не се подготвуваат ниту завршни годишни извештаи за реализација на годишните програми, а со самото тоа и на социјалните планови.

Средствата потребни за успешно спроведување на социјалните услуги во локалните самоуправи главно се обезбедуваат од МТСП, странски донации и општинските буџети.

Ограничениот број лиценцирани даватели на услуги претставува дополнителен предизвик за воведување нови социјални услуги во некои од општините.

Прочитајте ја целосната анализа од мониторингот Општините и социјалните услуги во заедницата

Претходен напис

Работилница: Од домашно производство до бизнис – Искуства и можности за руралните жени

Следен напис

Прва регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Прва регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.