No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

NVO Infocentar од NVO Infocentar
25/12/2025
во Анализи, Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
161
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Мода со повисока свест

Под рефлекторите што го осветлуваат загадувањето, текстилниот сектор и модната индустрија излегуваат од сенката на гламурот и трендовите, и се разоткриваат како едни од најпроблематичните и најголемите загадувачи во светот.

Со експанзијата на брзата мода, облеката денес сè почесто претставува потрошен материјал со исклучително краток век на употреба. Овој линеарен економски модел „купи – користи – фрли“, поттикнат од масовното производство и агресивниот маркетинг, генерира огромни количини отпад и ги исцрпува ресурсите со алармантна стапка.

Производството на текстил е жеден процес кој бара висока потрошувачка на вода, интензивно користење токсични хемикалии и значајно придонесува кон емисијата на стакленички гасови. Како дополнителна закана, синтетичките материјали (полиестер и најлон) ослободуваат микропластика која преку водните екосистеми влегува во синџирот на исхрана и на крајот завршува во човечкиот организам.

Предизвици во свесноста: Нецелосна слика за штетата

Иницијативата „Мода со повисока свест“, спроведена од Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК), во соработка со НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“, поддржан од Европската Унија, го истражи нивото на свесност кај македонските граѓани за еколошките последици од текстилната и модната индустрија . Онлајн анкетата, спроведена во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2025 година, открива дека, иако граѓаните ја препознаваат штетноста на овој сектор, им недостасуваат конкретни и прецизни информации за неговиот целосен еколошки отпечаток. Демографската структура на испитаниците покажува доминација на жени, кои сочинуваат 93,5% од примерокот, додека мажите се застапени со 4,8%, а 1,6% се изјасниле како „друго“. Најголем дел од испитаниците имаат над 45 години (48,4%), по што следи групата на возраст од 36 до 45 години (37,1%). Младите до 25 години се застапени со само 4,8%.

На прашањето за начините на кои текстилната индустрија загадува, 72,8% од испитаниците сметаат дека таа создава отпад и придонесува за деградација на почвата, додека 67,7% го посочуваат загадувањето на водата и почвата со токсични хемикалии. Над половина од испитаниците (58,1%) ја препознаваат високата потрошувачка на вода, а 25,8% ја поврзуваат индустријата со создавањето стакленички гасови. Сепак, само 20,9% од испитаниците се свесни дека сите овие фактори заеднички придонесуваат за катастрофалното влијание на текстилното производство врз животната средина.

Алармантни бројки: Водата како скриена жртва

Разликите во перцепцијата на граѓаните се најизразени кога станува збор за водниот отпечаток. На пример, најголем дел од испитаниците (58,1%) погрешно процениле дека за производство на една памучна маица потребни се околу 100 литри вода. Ова е во остар контраст со реалната бројка – приближно 2.700 литри вода – која ја навеле само 11,3% од испитаниците.

Знаењето за материјалите е исто така нецелосно. Иако 61,3% од испитаниците ја препознаваат еколошката предност на органскиот памук, изненадувачки 19,9% сметаат дека синтетиката е најдобрата опција. Познавањето на вискозата е ограничено – 58,1% погрешно мислат дека таа се произведува синтетички од пластични маси (наместо од биоразградлив материјал од дрвна пулпа). Сепак, мнозинството (62,9%) точно ја знае улогата на полиестерот во ослободување микропластика, особено при перење на облеката.

Модни навики: Желба за промена и возрасен јаз

Позитивно е што граѓаните покажуваат силен интерес за промена во модните навики. Висок процент (74,2%) од испитаниците секогаш пред да го купат се прашуваат дали парчето облека навистина им е потребно. Само 19,4% купуваат импулсивно или на попуст, а 3,2% го прават тоа за да бидат среќни или да следат трендови.

Свесноста за внимателен избор е директно поврзана со возраста. Повозрасните испитаници размислуваат за квалитетот и се подготвени за воведување промени при купувањето облека, додека младите најчесто купуваат импулсивно, и ова ги позиционира како приоритетна група за идни  едукативни кампањи.

Во целина, повеќе од половината испитаници (59,7%) изразуваат желба да усвојат поодржливи навики, но наведуваат дека им недостасуваат идеи и инспирација. Потенцијалот за циркуларна мода е голем – дури 69,4% би носеле облека од „втора рака“, што покажува силна мотивација, потврдена и со податокот дека 91,9% сакаат да прочитаат повеќе за одржливите практики.

Анкетата покажува дека државава има добра основа за воведување и ширење на концептите на одржлива мода. Иако постојат празнини во знаењето, граѓаните се мотивирани за промена, но имаат потреба од повеќе информации, едукација, како и од системска и структурирана поддршка.

Патоказ за одржливост: Препораки за акција

Врз основа на резултати и сознанијата од анкетата, ИПЕК има неколку препораки за граѓаните, институциите и модната индустрија.

Потребни се едукативни кампањи за подигнување на свеста кај граѓаните за вистинската потрошувачка на ресурсите и еколошкиот отпечаток на облеката (потрошена вода, енергија, употреба на хемикалии), како и за штетното влијанието на микропластиката и синтетичките влакна. Особено е важно креирањето едукативни кампањи и иницијативи наменети за младите, и тоа преку дигитални платформи, социјални мрежи и интерактивни пристапи за одржлива мода. Дополнително, организирањето работилници и јавни настани ќе придонесе кон директно запознавање со концептите – циркуларна мода, повторна употреба, преработка и одржливи материјали.

Поттикнувањето на свесното купување е основа на одржливата мода. Пред секое ново купување треба да си го поставиме прашањето „дали ова навистина ми треба?“. Граѓаните треба да се насочат кон квалитетна и безвременска облека, која може да се носи подолго време и која не излегува од мода. На ваков начин, ќе се намали импулсивната потрошувачка, особено кај младите.

Купувањето и користењето облека од „втора рака“, како и размената на облека, на приватни и јавни настани, придонесува кон продолжување на нејзиниот животен век и води кон намалување на отпадот. Исклучително важно е поттикнувањето на употребата на органски и биоразградливи ткаенини, особено органскиот памук и вискозата, во производството и користењето на облеката.

Поддршката за локалните еко бизниси кои применуваат одржливи практики е нужна за развојот на циркуларните модели, како и поттикнувањето на поправката и преработката на постојната облека наместо нејзино фрлање.

Развојот на политики кои стимулираат одговорна потрошувачка и циркуларна економија во текстилниот сектор е неопходен за долгорочен ефект, при што институциите треба да ја поддржат локалната иницијатива и бизнисите преку финансиски и административни стимуланси.

За постигнување долгорочен ефект, сметаат од ИПЕК, потребен е комбиниран пристап: граѓаните треба да усвојуваат свесни и одржливи модни навики, бизнисите да применуваат циркуларни и еколошки практики, а институциите да ги поддржуваат со политики, финансиски и административни стимуланси. Само со вакво заедничко делување државава може да ја изгради одржливата и циркуларната модна култура, со конкретен и позитивен ефект врз животната средина.

Автор: Г.Н.

Прилогот е подготвен со поддршка од Европската Унија, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“. Содржината е единствена одговорност на авторот, и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Претходен напис

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

Следен напис

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

Поврзани Написи

Активности

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

30/12/2025
Анализи

Форум за граѓански дијалог и Локалните избори 2025: Граѓански приоритети – резултати од консултативниот процес

23/12/2025
Во фокус

Годишни работни програми: Здружени за активно граѓанство (2022–2025)

22/12/2025
Во фокус

Анкетата: Граѓаните и приоритетите на локално ниво 2025

16/12/2025
Активности

Изложба на фотографии на лицата од трето доба

08/12/2025
Во фокус

Покана за тематската сесија на POLITEIA „Јавни политики за независност на домувањето на младите од Западен Балкан“

05/12/2025
Следен напис

Потпишани Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 во шест општини

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.