No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Апликациите за тематската сесија на ПОЛИТЕА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ се отворени!

NVO Infocentar од NVO Infocentar
30/12/2024
во Во фокус, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
163
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Краен рок за поднесување на апликацијата е 15 јануари 2025 година

Ве покануваме да аплицирате за тематската сесија на ПОЛИТЕИА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ што ќе се одржи од 21 до 23 јануари 2025 година, во Хотел Хилс, Сараево, Босна и Херцеговина.

Целта на сесијата е да им овозможи на младите учесници длабинско разбирање на тековните јавни политики и други документи поврзани со образованието во Западен Балкан во контекст на процесот на интеграција во ЕУ. Учесниците, исто така, ќе се запознаат со процесот на креирање политики и структурата на политичките документи воопшто.

По тематската сесија на ПОЛИТЕИА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ ќе следи еден менторски ден каде учесниците ќе можат да работат со менторот и да го практикуваат стекнатото знаење за подготовка и анализа на документи за политики поврзани со оваа област.

Учеството на тематската сесија на ПОЛИТЕИА е отворено за претставници на млади организации, млади активисти, креатори на политики и млади луѓе од политички партии од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија (постари од 18 години).

ФОРМУЛАР ЗА АПЛИКАЦИЈА: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfdq2iN_bUO6pu2bfoKXyJwmGuzQL0XzgIm_HfMrAZ6oSTyxA/viewform?usp=sharing

Краен рок за поднесување на апликацијата е 15 јануари 2025 година.

Ве молиме имајте предвид дека учеството на тематската сесија на ПОЛИТЕИА е бесплатно! Организаторот ги покрива трошоците за сместување, храна и патување.

Работен јазик ќе биде англискиот.

Тематската сесија POLITEIA е организирана како дел од тригодишниот проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“ финансиран од Европската Унија.

Проектот го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија во соработка со граѓанските организации од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).

Претходен напис

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

Следен напис

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

Поврзани Написи

Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Во фокус

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

25/06/2025
Во фокус

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен!

18/06/2025
Во фокус

Трета регионална лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација

23/05/2025
Следен напис

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.