No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

NVO Infocentar од NVO Infocentar
10/09/2025
во Во фокус, Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
162
СПОДЕЛУВАЊА
1.2k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

Производството на текстил не е само моден процес, туку еден од најголемите загадувачи на планетата. Еве зошто:

🔹 Висока потрошувачка на вода

За да се произведе само една памучна маица, потребни се околу 2.700 литри вода, што е доволно да ги задоволи потребите на една личност од вода за пиење за најмалку 2,5 години! Потребното количество на вода секако варира во зависност од регионот.

🔹 Загадување на водата и почвата

Процесите на бојадисување и обработка на текстил вклучуваат различни хемикалии кои содржат тешки метали, создавајќи отпадна вода, која во многу земји не се третира. Овие хемикалии преку водата завршуваат во реките и почвата, директно загрозувајќи го водниот свет, безбедноста на земјоделските производи и здравјето на луѓето.

🔹 Емисии на стакленички гасови

Текстилната индустрија учествува со 2 – 8% од глобалните емисии на стакленички гасови (GHG)! Трендот на производство и потрошувачка на текстил и облека продолжува да расте, предизвикувајќи уште поголем раст на емисиите, што директно влијае на климатските промени.

🔹 Синтетички материјали и микро пластика

Материјалите како полиестер и најлон се произведуваат од нафтени деривати од кои, со процесот на преработка, се создаваат стакленички гасови. Овие материјали при перење испуштаат микро пластика, која завршува во морињата и океаните, влијаејќи врз морскиот свет и навлегувајќи во храната што ја јадеме.

🔹Отпад и деградација на почвата

Откако ќе ги фрлиме нашите алишта, тие стануваат отпад и понатаму ја загадуваат и огрдуваат животната средина. Оставени на депониите, преку врнежите синтетичките микро-влакна и токсичните хемикалии користени во производството повторни ги загадуваат подземните води и почвата.

Помалку од половина од употребуваната облека се собира за повторна употреба или рециклирање од која само 1% се рециклира во нова облека, бидејќи технологиите што би овозможиле рециклирање на облеката само што почнуваат да се развиваат.

Акцијата “Мода со повисока свест” ја спроведува Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – IPECC Скопје, во соработка со НВО Инфоцентар, во рамките на проектот „Здружени за активно граѓанство“, поддржан од Европската Унија.

Претходен напис

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

Следен напис

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Во фокус

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

25/06/2025
Следен напис

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика - Што е по еколошко?

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.