No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Во фокус

Повикот за учество во регионалната програма за практикантска работа за 2025 е отворен!

NVO Infocentar од NVO Infocentar
25/06/2025
во Во фокус, Активности, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
200
СПОДЕЛУВАЊА
1.5k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Со задоволство објавуваме одлична можност за 5 млади луѓе од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија да посетуваат платена пракса во граѓански организации од Западен Балкан.

Ако сте млад човек кој сака да стекне искуство од прва рака во граѓанското општество во Белград, Приштина, Тирана, Сараево или Скопје во период од два месеци, да дознае повеќе за европската интеграција, да придонесе за младинско учество и структуриран дијалог и да се поврзе се со младите од регионот, аплицирајте за пракса на овој линк.

Краен рок за поднесување апликации е 25 јули 2025 година.

Вие сте идеален/а кандидат/ка доколку:

• сте студент/ка во последна година студии или дипломиран студент на возраст од 20-30 години од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија или Србија

• сте заинтересирани за работата на граѓанските организации (ГО)

• имате општо разбирање за процесот на интеграција во ЕУ на Западен Балкан и силен интерес за владеењето на правото, човековите и малцинските права и младинските прашања

• имате претходно искуство во младински иницијативи и граѓански сектор (по можност)

• сте приспособливи за работа во мултикултурна средина

• сте способни за работа во тим, но и самостојно

• поседувате добро познавање на англискиот јазик – усно и писмено

• имате солидно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint)

Кој и кога обезбедува практикантска работа?

Во Белград – Фондацијата Центар за демократија

Во Приштина – Иницијативата за стабилност на Косово

Во Тирана – Академијата за европска интеграција и преговори

Во Скопје – НВО Инфоцентар

Во Сараево – Мрежа за прогресивни иницијативи

Волонтерите треба да ја извршат својата двомесечна пракса помеѓу септември и декември 2025 година. Точните датуми за започнување на праксата ќе бидат утврдени во договор помеѓу волонтерот и организацијата домаќин.

Ве молиме имајте предвид дека не можете да аплицирате за двомесечна практикантска работа во ГО лоцирана во вашата земја. МОЖЕТЕ да аплицирате за практикантска работа во повеќе од еден град/ГО. Секоја од наведените организации ќе обезбеди пракса на еден практикант од регионот.

Што нудиме ние како граѓански организации – домаќини на практикантите?

Ќе присуствувате на двомесечна менторска програма и ќе стекнете знаење во неколку области:

  •  Застапување и комуникација
  •  Човекови права, со фокус на социјалните и економските права, младинското учество, европските интеграции и други релевантни реформски процеси
  •  Управување со проекти
  •  Управување со задачи на ГО
  •  Вмрежување и воспоставување партнерства
  •  Организација на настан

Ќе ве запознаеме со културни и забавни настани и ќе ви олесниме да се запознаете со локалното население и културата.

Ние ќе ви помогнеме да ја проширите вашата мрежа на колеги и соработници.

Што очекуваме од вас како практикант?

  • Да бидете посветени на вашите задачи
  • Да го дадете вашето време, енергија и мотивација најдобро што можете
  • Да учествувате во целиот период на програмата за платена пракса

Како можете да аплицирате?

За да аплицирате за практикантска работа во Белград, Приштина, Скопје, Сараево и Тирана, ве молиме пополнете ја апликацијата на следниот линк. За да ја комплетирате апликацијата, ве молиме подгответе:

• CV (не подолго од 2 страници)

• Мотивациско писмо (не подолго од 2 страници)

Дополнителни информации

По фазата на пријавување, кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат поканети на онлајн интервју. Доколку сте избрани за интервју, имајте предвид дека тоа ќе се одржи на англиски јазик.

По фазата на интервју, успешните кандидати ќе бидат контактирани наскоро за да обезбедат информации/документи за завршување на процесот на подготовка.

Ние како граѓански организации кои го организираме стажирањето на избраниот практикант ќе му обезбедиме сместување, оброци, платени трошоци за патување до и од градот каде што ќе бидете гости, локален транспорт и здравствено осигурување.

Избраните кандидати/практиканти ќе склучат договор со граѓански организации кои ја организираат практикантската работа, кои се единствено одговорни за исполнување на правата и обврските на практикантот.

Период за поднесување апликации: 25 јуни-25 јули, 2025 година

За дополнителни прашања за практикантската работа можете да се обратите на:

Во Белград, Фондација Центар за демократија -> dajana@centaronline.org

Во Приштина, Иницијатива а стабилност на Косово -> brikene_hoxha@iksweb.org

Во Скопје, НВО Инфоцентар -> elena@nvoinfocentar.org.mk

Во Тирана, Академија за европски интеграции и преговори -> mona.xhexhaj@aien.al

Во Сараево, Мрежа за прогресивни иницијативи -> anida@mpi.ba

Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде во нашите заедници и организации каде што ќе создадете нови искуства, ќе имате културна размена и ќе придонесете за намалување на предрасудите кај младите во регионот. Придружете ни се!

Практикантската работа се организира како дел од Регионалниот младински дијалог за Европа – RYDE, финансиран од Европската Унија.

Претходен напис

Повикот за предлози за Фондот за активни достигнувања за регионални неформални групи е отворен!

Следен напис

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Во фокус

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

02/07/2025
Следен напис

Зборувај. Дејствувај. Активирај се! POLITEIA 2025 – Регионално училиште за млади луѓе кои прават разлика!

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.