„Како да поднесам претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)?“ и „Како да поднесам приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)?“, се две нови едукативни видеа, изработени во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“. Видеата, наменети за граѓаните, се корисна алатка за обраќање до двете институции. Проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите –PROformance Watch“ го спроведуваа Евротинк, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права
Види повеќе »НВО Инфоцентар, во периодот од март 2017 до февруари 2018 година, во континуитет ги набљудуваше и анализираше содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др. Овој завршен извештај опфаќа текстуална анализа на содржините објавени во медиумите, како и анализа на три обраќања во јавноста на Никола Груевски, тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Види повеќе »Евротинк – Центарот за европски стратегии, во соработка со НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човековите права на Република Македонија, го спроведувaше проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиуми – PROformance Watch“. Програмата се реализираше во периодот август 2016 – март 2018 година со поддршка на Британската амбасада во Република Македонија. Прочитајте го последниот извештај од набљудувањето на работата на АВМУ и АЕК: Завршен извештај за работата на АВМУ и АЕК
Види повеќе »Постои големо непознавање кај граѓаните за тоа што претставуваат двата регулатора во сферата на медиумите и на електронските комуникации и за тоа кои се нивните надлежности, но и значителна недоверба во нивната независност, односно граѓаните ги гледаат нивните раководни органи како поставени од партиите, одбележаа некои од презентерите на завршниот извештај за мониторингот на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)
Види повеќе »© 2018 НВО Инфоцентар™
Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics