No Result
View All Result
  • English
NGO Infocentar
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Анализа од спроведена анкета за врсничкото насилство во три средни училишта во општина Струмица

NVO Infocentar од NVO Infocentar
11/12/2023
во Анализи, Активности, Проект - Здружени за активно граѓанство
0
172
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Повеќе од половина од  младите во општина Струмица знаат што е врсничко насилство,  а дел од нив биле сведоци или пак жртви на булинг. Нивната доверба во стручните служби и воспитно – образовниот кадар во училиштата е на ниско ниво. Младите луѓе сметаат дека континуираната едукација и зголемената соработка помеѓу нив, родителите, наставниците и стручните служби во училиштата ќе придонесе за намалување на врсничкото насилство во Струмица и струмичкиот регион.

Ова се податоците од одговорите на онлајн анкетата која Организацијата на жени од Струмица  во текот на септември и октомври 2023 година ја спроведе помеѓу 121 ученик (71 девојчиња и 50 момчиња) од трите средни училишта во Општина Струмица, во рамки на акцијата „Активни млади за живот без насилство“, поддржана од НВО Инфоцентар – Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Целта на анкетното истражување беше да утврдиме дали и колку младите се информирани за врсничкото насилство, дали биле жртви на некаков вид насилство, како и да ги идентификуваме нивните потреби и приоритети за спречување на насилството меѓу врсниците. 

Клучни наоди:

  • Повеќе од половина од младите анкетирани лица (68%) се информирани за врсничкото насилство.
  • Момчињата, за разлика од девојчињата имаат помало знаење за поимот и формите на врсничкото насилство. Информираноста и знаењето  кај девојчињата за врсничкото насилство изнесува 65%, а кај момчињата 35%.
  • Високи 13% од младите биле жртва на некој облик на врсничко насилство.
  • Девојчињата се поподложни на врсничко насилство. Од вкупниот број на анкетирани млади лица кои биле жртви на овој вид насилство,  8% се девојчиња, а  5% се момчиња.
  • Најзастапени видови помеѓу младите се вербалното и психолошкото насилство. Навредите и исмејувањата на момчињата се насочени кон нивниот физички изглед, а кон девојчињата на нивното однесување и изгледот.
  • Младите немаат доверба во стручните служби и воспитно – образовниот кадар во училиштата. На прашањето во кого имаат најголема доверба да пријават врсничко насилство, само 12 од 121 испитаник би пријавиле кај наставниците и стручните служби. Најмногу им веруваат на родителите – 64%, а 11 млади луѓе немаат доверба во никого.
  • И момчињата и девојчињата сметаат дека најчести причини/фактори за врсничкото насилство се:
    • недоволната едукација на сите засегнати страни, особено едукација на младите од страна на институциите и повозрасните (наставен кадар и родители);
    • нетрпеливоста и нетолеранцијата меѓу младите;
    • достапноста на насилни содржини на медиумите и преголемото време поминато на социјалните мрежи;
    • намаленото взаемно почитување и емпатија;
    • домашното воспитување, социјално – економскиот статус;
    • целокупната состојба во државата.

Препораки од младите:

  • Јакнење на соработката помеѓу  младите, родителите, воспитно – образовниот кадар и стручните служби во училиштата
  • Континуирана формална и неформална едукација за врсничкото насилство
  • Почести камапњи за јакнење на свеста за препознавање на врсничкото насилство и штетните поседици од истото врз менталното здравје на младите.

Оваа анализа е подготвена со помош на Европската Унија, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“. Содржината на анализата е единствена одговорност на Организација на жени од Струмица и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Претходен напис

Јавна дебата за реализација на приоритетите на граѓаните Свети Николе за 2023

Следен напис

Одржана јавна трибина за реализација на граѓанските приоритети во Крива Паланка

Поврзани Написи

Активности

Промоција на анализата „Кина во македонските медиуми: наративи и влијание“

18/09/2025
Во фокус

Кина во македонските медиуми: Анализа на наративи и влијание

16/09/2025
Активности

Форум за граѓански дијалог: Регионална средба со мрежата ПОП од Албанија

15/09/2025
Активности

Мода со повисока свест: Памук или Синтетика – Што е по еколошко?

12/09/2025
Во фокус

Мода со повисока свест: Што навистина носиме на себе?

10/09/2025
Активности

Работилници за фотографија со лицата од трето доба

29/08/2025
Следен напис

Одржана јавна трибина за реализација на граѓанските приоритети во Крива Паланка

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.