Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
Една регионална конференција – пет градови – една визија:
Белград · Сараево · Скопје · Тирана · Приштина
НВО Инфоцентарот, во соработка со партнерски организации од Западен Балкан, ја организира дводневната регионална конференција „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Обликување на нашата заедничка иднина“ во вторник и среда, 18 и 19 ноември 2025 година.
Конференцијата ќе се одржи во х. Солун, Никола Вапцаров 10, Скопје, со истовремено учество на говорници од студијата во Белград, Сараево, Тирана и Приштина.
► БЕЛГРАД – Простор Миљенко Дерета, Добрачина 55, Белград
► САРАЕВО – Хотел Ибис Стајлс, Џемала Биједица 169А, Сараево
► ПРИШТИНА – Хотел Сириус, Агим Рамадани, Приштина 1000
► ТИРАНА – Xheko Imperial Luxury Hotel & Spa, Ибрахим Ругова бр. 56/H2, Тирана
► СКОПЈЕ – Хотел Солун, ул. Никола Вапцаров 10, Скопjе
Конференцијата може да ја следите и преку Zoom: https://us02web.zoom.us/j/86795198765
Идентификациски број на состанокот: 867 9519 8765
Целта на конференцијата е да им даде можност на младите луѓе, на раѓанските организации, на носителите на одлуки, на експертите и на другите засегнати страни од Западен Балкан да ги презентираат приоритетите и предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во процесот на европска интеграција. Се стреми да поттикне меѓусебно разбирање и да ги истакне добрите практики и од Западен Балкан и од Европската Унија.
Конференцијата има за цел да ги зајакне гласовите на младите на локално, национално, регионално и европско ниво, поттикнувајќи дијалог за реформите што влијаат на младата генерација.
Дводневната конференција ќе ги содржи следните пет панели:
I Мост кон Европа: Младите од Западен Балкан во реформските процеси
II Вработување на младите во ерата на вештачката интелигенција: Гаранција за млади во Западен Балкан – предизвици и можности?
III Благосостојбата на младите во фокусот: Здравје, домување, култура
IV Младите во дигиталниот пејзаж: Безбедност, доверба и отпорност
V Младите и природата: Партнерство за одржлива зелена иднина





Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Регионален младински дијалог за Европа“ (2023–2026), поддржан од Европската Унија, кој го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Белград, во партнерство со Академијата за европска интеграција и преговори од Тирана, Иницијативата за стабилност на Косово од Приштина, Мрежата на прогресивни иницијативи од Сараево, НВО Инфоцентарот од Скопјe, Регионалната академија за демократски развој) од Нови Сад и Центарот за младински активизам од Тирана.






