Третата регионална лабораторија за младински политики за медиумска писменост и дигитализација се одржа на 22 мај 2025 година, со учество на 22 претставници од граѓанското општество, медиумите, академската заедница и институциите на земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.
Учесниците разговараа за актуелните политики, ситуации и процеси во областа на медиумската писменост и потребите на младите луѓе и нивото на дигитализација во регионот. Како продолжение од дискусиите од првата и втората регионална лабораторија, одржани во 2024, учесниците препорачуваат охрабрување на медиумите да ја приспособат содржината за дигиталните платформи и за младите луѓе со цел намали јазот помеѓу традиционалните медиуми и младите луѓе.
Учесниците се фокусираа на развивање препораки во неколку области:
– Хармонизирање на националните законодавства со стандардите на ЕУ за медиуми и дигитална писменост и поттикнување на усогласувањето на законските рамки со директивите на ЕУ за да се обезбеди конзистентно и квалитетно медиумско образование.
– Интегрирање на медиумите и дигиталната писменост во националните закони за образование и стратегиите за наставни програми, како и формализирање на овие теми како дел од националниот образовен систем за да се гарантира нивната одржливост на сите нивоа на образование.
– Инвестирање во развој и подготовка на нови професионалци со вештини за спроведување на наставни програми за медиумско образование, како и поддржување на програмите за обука на наставници и универзитетските модули што ги опремуваат едукаторите со практични алатки за предавање медиумска писменост.
– Образованието за медиумска и дигитална писменост да биде практично, а не само теоретско, како и поттикнување на практично учење, критичко размислување и примена во реалниот живот во училниците за да се подобри ангажманот и разбирањето на учениците.








Регионалната лабораторија за млади, медиумска писменост и дигитализација е дел од проект „Регионален младински дијалог за Европа – RYDE“, поддржан од Европската Унија. Проектот го спроведува Фондацијата Центар за демократија од Србија во соработка со граѓанските организации (ГО) од Западен Балкан: Академија за европски интеграции и преговори и Центар за младинска акција (Албанија), Иницијатива за стабилност на Косово (Косово), Мрежа на прогресивни иницијативи (Босна и Херцеговина), Фондација НВО Инфоцентар (Северна Македонија) и Регионална академија за демократски развој (Србија).