No Result
View All Result
  • English
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
НВО Инфоцентар
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
No Result
View All Result
НВО Инфоцентар
No Result
View All Result
Дома Анализи

Учеството на младите во изборите е од животно значење за демократијата

NVO Infocentar од NVO Infocentar
27/12/2023
во Анализи, Проект - Регионален младински дијалог за Европа – RYDE
0
179
СПОДЕЛУВАЊА
1.4k
ПРЕГЛЕДИ
Share on FacebookShare on TwitterShare with Email

Автор: Димитар Низамовски

Младите луѓе се движечка сила на општеството. Тие имаат енергија, креативност, огромна доза оптимизам, сакаат да сменат нешто во своите локални заедници и да видат позитивни промени во светот.  Во таканаречените „млади демократии“ на Западен Балкан голем процент од населението се млади под 30-годишна возраст, што ги прави земји со релативно младо население, за разлика од некои држави во Западна Европа што се соочуваат со општо стареење на населението, а со тоа и со различни предизвици што тој феномен ги носи со себе.

Иако некој може да мисли дека ова е благослов, сепак, доколку младите не се соодветно и целосно информирани, консултирани и вклучени во процесите на креирање политики и носење одлуки, тоа може да води кон незадоволство, апатија и, конечно, иселување во некое друго општество, за кое сметаат дека е подобро.

Младите од Западен Балкан се соочуваат со бројни тешкотии и предизвици, како што се високите стапки на невработеност, ограничените образовни можности, релативно ниското ниво на лична и професионална мобилност, прашањата поврзани со личната безбедност, менталното здравје и благосостојбата, како и нездравата животна средина.

Еден обединувачки фактор што придонесува за подобрување на тоа статус кво е нивото и квалитето на младинското учество и ангажман во државата и во регионот. За почеток, апсолутно нужен предуслов е постоењето на солидна национална правна рамка.

Младинското учество и политики во Северна Македонија

Во Република Северна Македонија, нов закон за младинско учество и младински политики[1] беше усвоен на 14 јануари 2020 година. Тој требаше да служи како основа за подобрување на позицијата на младите во земјата и да воведе неколку новини, како што се основање локални младински совети и младински центри во општините, локални стратегии за младите, младите работници и истражувачки центар при Агенцијата за млади и спорт (водечката институција за млади и младински политики во земјата). Беше предложен рок од пет години од усвојувањето на Законот за исполнување на сите овие обврски.

Сепак, речиси четири години подоцна, постигнат е многу мал напредок. Извештајот од мониторингот на примената на Законот за младинско учество и младински политики, подготвен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ)[2], заклучи дека само 12% од општините во Северна Македонија формирале локални младински совети, само 11% од општините отвориле младински канцеларии, додека 69% од општините именувале службеници за млади.

Имаше неколку обиди за дополнување на Законот за да се пополнат некои празнини, забележанипри неговата примена, но тие не беа инклузивни и не ги земаа предвид коментарите, сугестиите и перспективите на младите луѓе, работниците и службениците за млади.[3]

Новата Национална стратегија за млади 2023-2027[4] фрла ново, позитивно светло врз младинското учество во Северна Македонија и опфаќа 8 клучни тематски области: 1. Младинско учество, 2. Младинско информирање, 3. Младинска работа, 4. Образование, 5. Култура, 6. Здравје, 7. Претприемништво и поддршка пред вработување, 8 Безбедност (насилство). Со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и граѓанското општество во земјата, таа треба да претставува дополнување на Законот за младинско учество и младински политики и да ја подобри постојната ситуација, со добро подготвен Акциски план. Сепак, треба будно да го следиме нејзиното остварување во иднина и ефектите што ќе ги постигне.

Младите и претстојните Избори 2024

Имајќи го предвид фактот дека 2024 ќе биде изборна година во Северна Македонија (ќе се одржат претседателски и парламентарни избори), би сакал да се навратам на правото на глас, и на учеството на младите во изборите, како еден од клучните видови младинско учество. Младинските перспективи и учеството во изборите се од животно значење за демократските процеси, затоа што обезбедуваат различни и разновидни интереси да бидат претставени во политичкиот пејсаж и еко-систем. Со ангажирање на младите во изборниот процес, можеме да обезбедиме попретставничка и поинклузивна власт и политички систем.

Сепак, една истражувачка студија од 2021 година, „Општествено-политичкото учество на младите во Северна Македонија“[5], поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан и спроведена од Фондацијата за демократија на Вестминстер и Младинскиот образовен форум, пренесува неколку шокантни наоди:

  • Само 8% од интервјуираните млади луѓе биле вклучени или консултирани од институциите во процесите на носење одлуки на локално и национално ниво.
  • 56% од интервјуираните млади луѓе, ретко или никогаш не ги следат тековните политички настани во земјата и во регионот.
  • 44% од испитаниците веруваат дека Северна Македонија ќе стане земја членка на Европската унија (ЕУ), а две третини од младите се задоволни со нивната позиција во општеството.
  • Запрепастувачки 77.5% од испитаниците веруваат дека државата треба да ја предводи силен водач со „цврста рака“.
  • 74% од младите гласале на последните парламентарни избори во 2020 година.

Имајќи го предвид насилството во регионот, во периодот по распадот на Југославија во 1990-те, регионот на Западен Балкан има историја на етнички тензии и конфликти. Изборите во Северна Македонија не се исклучок од таа практика и често гледаме меѓу-етнички тензии и националистички испади во периодите пред избори, независно дали се работи за локални, парламентарни или претседателски избори. Политичките партии ги користат таквите настани и практики во своја полза и во обид да привлечат повеќе гласови, особено гласовите на младите и оние што гласаат за прв пат.

На долг рок, тој феномен може да води кон радикализација и екстремизам. Адресирањето на прашањата на економската несигурност и социјалната исклученост, особено кај младите, може да придонесе за одржување на безбедноста.

За да постигнеме и одржиме долгорочна безбедност и стабилност, клучни и пожелни се национални и регионални напори за промоција на меѓуетничко разбирање, толеранција и соработка.

Во таа смисла, улогата на граѓанското општество на Западен Балкан е од огромно значење. Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС) започна со работа на примената на Агендата на ОН за млади, мир и безбедност (YPSA). На обуката за изградба на капацитети што се одржа во Северна Македонија, во декември 2023 година, учесниците ја посочија извонредната работа на организациите на граѓанското општество да обезбедат мир, изградба и одржување на мирот и безбедноста за локалните заедници и за младите. Целиот регион се соочува со истите предизвици, особено во областа на кибер-безбедноста. Со оглед на високото ниво на користење дигитални технологии кај младите, можат да се јават потенцијални ранливости што треба да бидат адресирани за да ги обезбедиме мирот и безбедноста на младите лица и на владините институции.

Имајќи го тоа на ум, регионалната соработка за решавање на конфликтите станува сè позначајна. Младинската вклученост и консултирањето на нивните ставови во иницијативите за мир и помирување се клучни, не само за младите, туку и за државите и нивното целокупно население. Бидејќи земјите од Западен Балкан се стремат да станат дел од Европската унија, целиот процес на интеграција може да има импликации по безбедноста, затоа што често вклучува справување со предизвиците и прашањата поврзани со доброто владеење, владеењето на правото, стабилноста на демократските институции, и регионалната соработка, координација и комуникација.

Да заклучиме, младите луѓе од Западен Балкан треба да бидат вклучени во сите фази и стадиуми на процесите на носење одлуки, особено оние што директно се однесуваат на нив и можат да имаат големо влијание врз нивниот живот. Тоа е една од многуте задачи и одговорности на власта – да им ги обезбеди потребните платформи и алатки за да се слушне нивниот глас. Квалитетните процеси за носење одлуки и политики се двонасочна улица, и треба да бидат јасно и јавно дефинирани и инклузивни.

Сепак, ако владата не успее во тоа, организациите на граѓанското општество треба да понудат безбедносна мрежа и да ги пополнат празнините во нејзината работа, и да служат како чувари кои на институциите ќе им понудат соодветни повратни информации за тие да се вратат на вистинскиот пат.

Придонесот на младите треба сериозно да се земе предвид и само со синергија од тој вид, политиките и мерките ќе можат да бидат ефективни и ефикасни и да ги менуваат општествата на подобро.

Оваа публикација е финансирана од Европската Унија, преку проектот Регионален младински дијалог за Европа. Нејзината содржина е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.


[1] https://www.slvesnik.com.mk/Issues/862649465cf4432aadcb4119f52bfd81.pdf

[2] https://www.nms.org.mk/wp-content/uploads/2022/04/Monitoring-izvestaj_MKD-2.pdf

[3] https://segaorg.mk/images/E-Library/PositionPapers/25102023_Reakcija_Koalicija_SEGA_Predlog_izmeni_na_ZMUMP.pdf

[4] https://api.ams.gov.mk/wp-content/uploads/2023/02/nsm-23-27_draft.pdf?fbclid=IwAR2N1l5NnXD3diqp4nF-ZPewW4WOHuKup6yWcOnR3YGguD1xWN3rbfy80sI

[5] https://mof.mk/wp-content/uploads/2021/08/Studija-Socio-Politicko-Ucestvo-na-Mladi-2021-MK-sml-1.pdf?preview_id=10628&preview_nonce=87ffc4f4d4&post_format=standard&_thumbnail_id=10630&preview=true

Претходен напис

Граѓаните и советниците од Крива Паланка со предлози за подобра комуникација

Следен напис

Едукативно видео: Важноста на учеството на младите во креирањето политики

Поврзани Написи

Во фокус

Зајакнување на младите преку медиумска писменост и дигитализација

24/02/2025
Анализи

Усогласеност на младинските политики со потребите на младите од самохрани и еднородителски семејства во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија

17/01/2025
Во фокус

Апликациите за тематската сесија на ПОЛИТЕА „Образование и креирање политики во Западен Балкан“ се отворени!

30/12/2024
Анализи

Компаративна анализа на младинските политики во Западен Балкан

27/12/2024
Во фокус

Форум за граѓански дијалог: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2024 година

25/12/2024
Анализи

Живееме на “кредит“ од природата – трошиме ресурси колку за пет планети

20/12/2024
Следен напис

Едукативно видео: Важноста на учеството на младите во креирањето политики

Препорачани

Анкета – Истражување за приоритетите на младите и нивното учество во процесот на креирање младински политики

10/10/2023

Тематска сесија RYDE „Младите и политиките за вработување во Западен Балкан“ – 21-23 ноември 2023 година, Скопје

07/11/2023

Најчитани

  • Здружени за активно граѓанство

    674 споделувања
    Share 270 Tweet 169
  • Мониторинг-Општините и субвенциите за граѓаните

    358 споделувања
    Share 143 Tweet 90
  • Отворен е повикот за предлози за младинскиот фонд „Локални младински иницијативи“!

    351 споделувања
    Share 140 Tweet 88
  • АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ШКОЛА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО POLITEIA 2023!

    312 споделувања
    Share 125 Tweet 78
  • Мониторинг и интернет анкета: Општините и реализацијата на граѓанските приоритети во 2023 година

    311 споделувања
    Share 124 Tweet 78

Оваа интернет страница е редизајнирана со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините се единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ

Menu
  • Во фокус
  • Активности
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми

ЗА НАС

Menu
  • За нас
  • Политика за приватност
  • Контакт
No Result
View All Result
  • Дома
  • За нас
    • Политика за приватност
    • Организациски документи
  • Активности
  • Проекти
  • Анализи
  • Мониторинг на Медиуми
  • English

© 2022 НВО Инфоцентар™, Powered by Wordpress. Дизајнирано од eXpressive graphics.

Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете „Се согласувам“, или само за најнеопходните колачиња "Не се согласувам". Прочитај повеќе на линкот до Политиката за приватност.Се согласувамНе се согласувамПолитика на Приватност