04-Patot-na-vakcinite--[-Infographic-18-juli_2021-]

Патот на вакцините до Северна Македонија: состојба од 16 јуни до 18 јули 2021

на јул 31, 21 • од

Нема пристап до официјални сеопфатни, детални, електронски достапни и пребарливи систематизирани податоци, статистики (вкрстувања анализи и др.) за процесот на вакцинација во државава...
Pin It

Home » Активности, Анализи, Ковид Имунометар » Патот на вакцините до Северна Македонија: состојба од 16 јуни до 18 јули 2021

04-Patot-na-vakcinite--[-Infographic-18-juli_2021-]

Клучни наоди за периодот од 16 јуни до 18 јули 2021

• 13% од населението се целосно вакцинирани (272.129 граѓани).

• 22% од населението примиле една доза вакцина (453.773 граѓани).

• Во последните четири недели процентот целосно вакцинирани граѓани се зголемил за 4%.

• 41% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

• Голема новина е одлуката на здравствените власти да започне вакцинацијата на децата од 12 до 17 години.

• Стручната јавност и натаму има поделни ставови за вакцинацијата на децата.

• На оваа одлука не и претходеше кампања за соодветна подготовка и информирање на родителите и децата.

• Децата ќе се вакцинираат од 19 јули, единствено со Фајзер и со претходно закажан термин.

• До 17 јули, за вакцинација се пријавени околу 1.800 деца.

• На 12 јули започна вакцинацијата без претходно пријавување и закажан термин, како и теренската имунизација.

• Се уште нема официјални информации колку македонски граѓани се вакцинирани во странство.

• Заклучно со јуни, до МАЛМЕД пристигнале 155 пријави за несакани рекации.

• Нема пристап до официјални сеопфатни, детални, електронски достапни и пребарливи систематизирани податоци, статистики (вкрстувања анализи и др.) за процесот на вакцинација во државава.

• Препорачуваме подобрување на квалитетот, опфатот и пристапот до податоци, статистики, информации поврзани со процесот на имунизација во државава.

• Препорачуваме поефикасно и поефективно креирање и спроведување кампања за поттикнување и охрабрување на граѓаните да се вакцинираат.

 Интегрален текст Mesecen_ImunoMetar_ 18 juli 2021

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top