ImunoMETAR [ Nedelen COVER ]_04

Неделен #КовидИмунометар: Вакцинацијата стагнира заради недостигот од вакцини

на јун 15, 21 • од

Заклучно со 12 јуни, целосно се вакцинирани (со две дози) 187.120 граѓани или 12.5% од проценките на Министерството...
Pin It

Home » Активности, Важни, Ковид Имунометар » Неделен #КовидИмунометар: Вакцинацијата стагнира заради недостигот од вакцини

ImunoMETAR [ Nedelen COVER ]_04 

 

Неделен #КовидИмунометар

Известувачки период: 8 – 14 јуни 2021

Кратко резиме

• Заклучно со 14 јуни, во државава пристигнати се вкупно 516.780 дози вакцини.

• Во последните седум дена пристигнаа 42.870 дози вакцини.

• Заклучно со 12 јуни, целосно се вакцинирани (со две дози) 187.120 граѓани или 12.5% од проценките на Министерството.

• Според официјалната интернет страница за вакцинација, досега се вакцинирани 256.142, а пријавени за вакцинација се 449.456 граѓани.

• Бројот на заинтересирани граѓани се зголемува, но со намалено темпо во споредба со втората половина на мај.

• И во втората недела од јуни, најголемиот дел од аплицираните дози вакцини се ревакцинација.

• Вакцинацијата со прва доза стагнира заради недоволниот број вакцини.

• Неколку илјади македонски граѓани се вакцинираа во Србија. Оваа бројка секојдневно се зголемува

Колку луѓе треба да се вакцинираат?

Според Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Репубика Северна Македонија 2.1 треба да се вакцинираат вкупно 1.490.500 полнолетни граѓани категоризирани во различни приоритени групи.

Колку луѓе се пријавиле за вакцинација?

Заклучно со 14 јуни, на специјалната интернет-апликација на Владата, за вакцинација се пријавиле вкупно 449.456 граѓани односно 30.1% од проценките на Министерството за здравство.

Во период 8 – 14 јуни, бројот на пријавени граѓани, во споредба со претходните седум дена, се зголемил за 9.243 односно за 2% (во просек, дневно се пријавувале 1.230 граѓани).

Бројот на заинтересирани граѓани за вакцинација продолжува да се зголемува, но со намалено темпо во споредба со втората половина на мај.

Колку луѓе се вакцинирани?

Заклучно со 14 јуни, вкупниот број вакцинирани лица, според официјалната-страница за вакцинација, изнесува 256.149 односно 17.2% од проценките на Министерството за здравство.

Во периодот 8 – 14 јуни, бројот на вакцинирани граѓани се зголемил за 10.736 односно за 4.2% (во просек, дневно се вакцинирале 1558 граѓани).

Според министерот Филипче, заклучно со 12 јуни, 187.120 граѓани комплетно го завршиле процесот на вакцинација односно примиле две дози вакцина.

Оваа бројка покажува дека целосно се вакцинирани 12.5% од граѓаните кои според Министерството за здравство треба да бидат вакцинирани.

Најголемиот дел од аплицираните вакцини во изминатите седум дена беа ревакцинација.

Вакцинацијата со прва доза стагнира заради недоволниот број вакцини.

Колку граѓани се вакцинирале во странство?

Од 5 јуни, Србија повторно ги отвори вакциналните пунктови за македонските граѓани, кои можат да се вакцинираат без претходна најава. Нема официјални податоци за тоа колку граѓани ја искористиле оваа можност (се уште е отворена) досега, но со сигурност станува збор за неколку илјади граѓани, претежно млади луѓе.

Колку вакцини се пристигнати?

Заклучно со 14 јуни, во државава се пристигнати вкупно 516.780 дози вакцини.

Во период 8 – 14 јуни простигнаа вкупно 42.870 дози вакцини (30.000 Синовак и 12.870 Фајзер).

Најзастапена вакцина е Синофрам (58.5%), потоа следат Фајзер (17.5%), Астра-Зенека (13.2%), Синовак (5.8%) и Спутник В (5%):

• Синофарм – 302.000 (58.5%)

• Фајзер – 90.380 (17.5%)

• Астра-Зенека – 68.400 (13.2%)

• Синовак – 30.000 (5.8%)

• Спутник В – 26.000 (5%)

Хронологија на пристигнување на вакцините:

14.6.2021 – 12.870 дози Фајзер

9.6.2021 – 30.000 дози Синовак (донација)

7.6.2021 – 12.870 дози Фајзер

31.5.2021 – 4.680 дози Фајзер, помош од ЕУ

31.5.2021 – 7.020 дози Фајзер

24.5.2021 – 5.850 дози Фајзер

24.5.2021 – 4.680 дози фајзер, помош од ЕУ

18.5.2021 – 9.360 дози Фајзер

15.5.2021 – 100.000 дози Синофарм, донација од Кина

14.5.2021 – 38.400 дози Астра-Зенека

12.5.2021 – 6.000 дози Астра-Зенека, донација од Унгарија

4.5.2021 – 4.860 дози Фајзер, помош од ЕУ

30.4.2021 – 200.000 дози Синфарм

26.4.2021 – 10.000 дози Фајзер

16.4.2021 – 10.000 дози Фајзер

12.4.2021 – 2.000 дози Синофарм, донација од ОАЕ

1.4.2021 – 20.000 Спутник В, донација од Србија

28.3.2021 – 3.000 дози Спутник В

28.3.2021 – 24.000 дози Астра-Зенека, Ковакс механизам

7.3.2021 – 3.000 дози Спутник В

24.2.2021 – 3.510 дози Фајзер, донација од Србија

14.2.2021 – 4.680 дози Фајзер, донација од Србија

 

Извор на информации: Министерство за здравство и Влада на РСМ

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top