medical-781422_640

Како ќе се води евиденција за процесот на вакцинација?

на мар 5, 21 • од

Процесот на евиденција и следење на вакцинацијата против Covid19 се одвива преку националниот систем за електронска евиденција во здравството – Мој Термин...
Pin It

Home » Важни, Ковид Имунометар » Како ќе се води евиденција за процесот на вакцинација?

Процесот на евиденција и следење на вакцинацијата против Ковид-19 се одвива преку националниот систем за електронска евиденција во здравството – Мој Термин.
Опфатени се следните процеси:
– Дефинирање на таргет популација за вакцинирање
– Внесување и управување со податоци за вакцините (магацин)
– Закажување на вакцинација
– Евиденција на вакцинирањето
– Извештаи за динамиката и опфатот на вакцинирањето
Базата на податоци за таргет популација за вакцинирање ги содржи почетните податоци за сите лица кои треба да бидат вакцинирани, а се дополнува со податоци кои ќе произлезат од процесот на вакцинирање.
Податоците за типот и количините на вакцини се внесуваат во националното депо од каде се управува со распределбата во вакцинални пунктови.
Закажувањето на вакцинацијата се врши од страна на матичен лекар (прва доза) и од страна на тимовите за вакцинација (втора доза). Закажувањето се врши во nационалниот систем Мој термин, во точно дефиниран термин. Закажувањето се врши само за оние лица кои потврдиле интерес за вакцинирање и немаат контраиндикации.
Внесување на податоци во индивидуалните записи за секое лице се врши од страна на член на тимот од вакциналниот пункт.
Се внесуваат следните податоци:
– ЕМБГ на пациент
– Начин на вакцинација (I-прва доза или II- втора доза)
Со секое евидентирање на спроведена вакцинација, автоматски се одзема количината од доделените вакцини на пунктот, па соодветно и од главниот магацин на национално ниво, со што се следи состојбата со количините на вакцини.
Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top