flu-shot-1719334_640

Фази и приорети на вакцинацијата во државава

на мар 15, 21 • од

Според Националниот план, во Фаза 1 приоритетни групи за вакцинација се здравствените работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција...
Pin It

Home » Важни, Ковид Имунометар » Фази и приорети на вакцинацијата во државава

На 21 декември 2020 година, Владата на Република Северна Македонија подготви документ кој претставува Национален план за COVID-19 вакцинација.

Документот беше изработен врз основа на постојните препораки и основните принципи на Светската здравствена организација (СЗО), Стратешка советодавна група на експерти (SAGE), Организација COVAX и регулаторни тела за EMA и FDA, како и релевантни национални институции и комисии во земјата.

Вакцинацијата е само една од повеќето превентивни мерки кои се користат во борба против ширењето на пандемијата и ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството воопшто.

Националната техничка работната група за COVID-19 вакцинација (НТРГ) заедно со Институтот за јавно здравје и Стручната комисија за имунизација изработи приоритетна листа на ризични групи за вакцинација.

Кои граѓани први ќе се вакцинираат?

Фаза 1

Република Северна Македонија се наоѓа во првата фаза од процесот на вакцинација, кога има многу ограничена достапност на вакцини, односно расположливи количини на вакцини за 1 – 10% од вкупната популација. Според Националниот план, во Фаза 1 приоритетни групи за вакцинација се здравствените работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција (Ковид центри, брза помош, клинички и општи јавни и приватни болници, центри за рехабилитација, домови за стари лица, вработени во лаборатории за тестирање и Ковид 19 дијагностика). Во оваа фаза влегуваат и постари лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, лица постари од 70 години.

Фаза 2

Во втората фаза постои ограничена достапност на вакцини и расположливи количини на вакцини за 11–20% од вкупната популација. Фаза 2 ги опфаќа лицата на возраст од 65 години и постари со висок ризик да развијат болест. Потоа лица на возраст од 20 до 65 години со коморбидитети. Во оваа рамка се вклучени и здравствените работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекација, како и вработени во образовни институции во кои наставата се одвива со физичко присуство, како и персоналот од детските градинки. Во Фаза 2 влегуваат и вработените во витални институции за нормално функционирање на општеството. Односно фармацевти, стоматолози, полиција, царина, пожарникари, судство, вработени во парламент, влада и армија.

Фаза 3

Во третата фаза има умерена достапност на вакцини или расположливи количини на вакцини за 21– 50% од вкупната популација. Во оваа фаза, кога е умерена достапноста на вакцини ќе почнат да се вакцинираат вработените во производство на храна, производство на лекови, јавен транспорт комунална хигиена и водоснабдување телекомуникации и електроснабдување погребни служби локална самоуправа. Понатаму,вработени во банкарски сектор, земјоделие,пошта, транспорт, работници во фабрики.

Фаза 3 ги опфаќа и останатите вработени во основното, средно и високо образование, затвореници, бездомни лица, мигранти. Како и здравствени работници со низок ризик и здрави лица на возраст од 30 до 64 години.

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top