sloboda 1

Завршен извештај од мониторингот на медиумските содржини за „десоросоизацијата“

на апр 13, 18 • од

НВО Инфоцентар, во периодот од март 2017 до февруари 2018 година, во континуитет ги набљудуваше и анализираше содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др. Овој завршен извештај опфаќа текстуална анализа на содржините објавени во медиумите, како и анализа на три обраќања во јавноста на Никола Груевски, тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ...
Pin It

Home » Важни, Мониторинг на Медиуми » Завршен извештај од мониторингот на медиумските содржини за „десоросоизацијата“

НВО Инфоцентар, во периодот од март 2017 до февруари 2018 година, во континуитет ги набљудуваше и анализираше содржините објавени во медиумите посветени на темата „десоросоизација“ односно на континуираната хајка и нападите врз граѓанските организации, Фондацијата Отворено општество Македонија (FOOM), Џорџ Сорос, УСАИД, амбасадорот на САД во Реублика Македонија, Џес Бејли и др.

Овој завршен извештај опфаќа текстуална анализа на содржините објавени во медиумите, како и анализа на три обраќања во јавноста на Никола Груевски, тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

За потребите на овој документ, содржините објавени во 8 мониторирани медиуми (дневните весници: Слободен печат, Вечер и Дневник, нивните интернет-страници/ електронски изданија и порталите: Република, Курир, А1он, Плусинфо и НоваТВ), вклучително и обраќањата на Никола Груевски беа обработени со софтверот за текстуална анализа MAXQDA.

tabela 1Во однос на најупотребуваните зборови во прилозите, видлива е јасна промена на фокусот на медиумите во двата анализирани периоди. Доколку во првиот период „Сорос“ и „УСАИД“ се најупотребуваните зборови, тие се наоѓаат подоле на листата на најупотребувани зборови во вториот период или пак, воопшто ги нема. Анализата на фреквенцијата за првиот период покажува дека медиумите (блиски до ВМРО-ДПМНЕ) најмногу се занимавале со Сорос, УСАИД, СДСМ и невладините организации, очигледно обидувајќи се да креираат перцепција за наводна меѓусебна поврзаност на овие актери и претстава за нив дека се дел од заедничка битка против тогашната власт. Овие медиуми реторички да ги правдаат истрагите кои низа институции ги водеа против овие актери, а во кои особен фокус имаа средствата со кои УСАИД ги поддржувал невладините организации. Во вториот период, пак, вниманието на медиумите се пренасои кон новата влада, па така, најупотребувани зборови се „СДСМ“ и „Заев“. Истовремено, „Сорос“ го губи приматот на најчесто употребуван збор, додека „УСАИД“ и „Бејли“ речиси целосно излегуваат од фокусот.

Сите овие драстични промени можат да се објаснат со фактот дека не стануваше збор за спонтано известување на медиумите блиски до тогашната власт, за теми од јавен интерес, туку, за јасно конципирана кампања за оцрнување,  дизајнирана во центрите на моќ, која – откако не си ја исполни целта -  едноставно престана да постои.

Во овој краток текст се анализирани и три обраќања на Никола Груевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објавени во периодот по изборите во декември 2016 година. Таканаречениот Проглас на ВМРО-ДПМНЕ од 17 декември 20176 година е првото анализирано обраќање. Прогласот беше прочитан од страна на Груевски, за време на протестите пред Државната изборна комисија. Прогласот е всушност најава за поостар курс на партијата како кон меѓународната заедница, така и кон домашните противници, во прв ред граѓанските организации. Истоврмено, со овој документ се проблематизираа и сите придобивки од Пржинскиот договор.

Вториот анализиран текст е мега-интервјуто на Груевски објавено во Република, во периодот од 3 до 6 април 2017 година. Ова интервју беше објавувено пред Груевски да го добие мандатот за формирање влада односно пред официјално да започнат преговорите со ДУИ. Во интервјуто, Груевски најмногу време посвети на теориите на заговор и на улогата на Џорџ Сорос во македонската криза. Освен тоа, интервјуто може да се чита како додворување кон Албанците, во обид  „да се омекнат“ за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во можната нова влада.

Третиот текст е Фејсбук-објава на Груевски, на 26 март 2017, со која тој го повикува народот во битка за заштита на Македонија од федерализација и двојазичност, а против т.н. Платформа на албанските партии. Објавата се случи во контекст, во кој стана јасно дека СДСМ ќе успее да се договори со ДУИ и останатите албански партии за формирање влада.

Во секој од трите текста, Груевски открива / повикува на определена стратегија на одбрана од противниците и нивните заговори. Во Прогласот, Груевски наведува пет точки како „десоросоизацијата“ и напуштањето на форматот на преговори од Пржино. Во интервјуто за Република, стратегијата се состои од тоа што целото интервју е всушност обид за „освестување“ на етничките Албанци, преку набројување на сите добри работи кои ВМРО-ДПМНЕ ги направила за нив и потсетување на сите ексцеси на СДСМ од минатото. Во објавата на Фејсбук, стратегијата на одбрана се состои од „будење на народот“ и протести. Противниците, Груевски ги претставува или како заблудени агенти, или како свесни заговорници, кои Груевски ги идентификува во секој од анализираните текстови.

Целосниот текст на анализата: Завршен извештај од мониторингот на медиумските содржини за „десоросоизацијата“

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top