logicki greski

Водич на мислителот за логички грешки

на ное 1, 13 • од

Книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“,од авторите Ричард Пол и Линда Елдер, претставува своевиден прирачник за препознавање на манипулациите во јавната сфера и развој на критичкото мислење...
Pin It

Home » Важни, Публикации » Водич на мислителот за логички грешки

Книгата, преку 44 начини и примери за тоа како се манипулира мислењето на луѓето, е фокусирана на развојот на критичкото мислење. Единствено преку препознавањето на т.н. „логички грешки“, односно – валкани трикови на оние кои сакаат да извлечат некаква корист преку стратегиски маневри за здобивање со влијание, предност и моќ, јавноста може да се заштити и ѕирне зад маските на скриените медиумски агенди и масовниот политички дискурс.

„На студентите им се потребни креативни согледби и интелектуални орудија кои ќе им овозможат да се заштитат од тоа да станат интелектуални жртви во светот на намножени медиумски пирани или, што е исто толку лошо, и самите да му се приклучат на јатото како помлади пирани на обука. Согледбите и орудијата, втемелени врз интелектуален интегритет, треба да бидат крајната цел на проучувањето на „логичките грешки“. Токму тоа е и нашата цел во овој водич.“ стои во предговорот на авторите Пол и Елдер.

Авторските права за книгата ги отстапи американската Фондација за критичко мислење, а  преводот на македонски јазик го направи Гордана Стошиќ. Публикацијата е испечатена во  тираж од 550 примероци, а печатењето финансиски го поддржа Фондацијата Отворено општество. Книгата нема да се продава, туку, ќе се користи во едукативни цели, а ќе им биде достапна електронски и на сите заинтересирани граѓани и активисти.

Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата

издавач: НВО Инфоцентар

автори: Ричард Пол и Линда Елдер

ISBN 978-608-4594-09-3

COBIS.MK-ID 93703434

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top