Владата злоупотребена во изборната кампања

на мај 27, 11 • од

Владините институции и владините претставници врз себе преземаат речиси половина од товарот на изборната кампања. Тие ги компензираат партиите на власт и создаваат дисбаланс на присуството во медумите, во корист на владеачките партии. Ова го покажуваат првичните резултати од мониторингот на медиумите посветен на предвремните Парламентарни избори 2011 година...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Владата злоупотребена во изборната кампања

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО – ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2011

 

Владините институции и владините претставници врз себе преземаат речиси половина од товарот на изборната кампања. Тие ги компензираат партиите на власт и создаваат дисбаланс на присуството во медумите, во корист на владеачките партии. Ова го покажуваат првичните резултати од мониторингот на медиумите посветен на предвремните Парламентарни избори 2011 година.

НВО Инфоцентарот, во рамките на програмата „Медиумско огледало“, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, од 11 мај 2011 година, континуирано ги набљудува  медиумите  во Република Македонија и начинот на кој тие информираат за предвремните Парламентарни избори 2011 година.

Резултатите од досегашното набљудување на медиумите покажаа дека медиумите им посветуваат големо внимание на предвремените Парламентарни избори 2011. Ако во 2008 година (предвремени Параментарни избори 2008), во речиси истиот период на набљудување – неколку дена пред и неколку дена по започнувањето на изборната кампања, интензитетот на објавени новинарски прилози поврзани со изборите беше во просек 66 прилози дневно, годинава, тој просек изнесува дури 116 прилози.

Официјалниот почеток на изборната кампања не влијаеше врз зголемувањето на интензитетот на информирањето за изборите. Споредувајќи ги периодите пред официјалниот старт на изборната кампања и во првата недела по нејзиниот почеток, забележливо е дека не постои голема разлика во бројот на објави (написи и прилози) во овие два периода. Ова го потврдува фактот дека политичките субјекти влегоа во изборна кампања многу порано од нејзиниот формален старт, како и тоа дека во Македонија постои феноменот на перманентна политичка медиумска кампања.

Владините институции и владините претставници врз себе преземаат речиси половина од товарот на изборната кампања. Тие ги компензираат партиите на власт и создаваат дисбаланс на присуството во медумите, во корист на владеачките партии. Ова, исто така, укажува на висок степен на слеаност на владеачките партии со државните институции. Државната изборна комисија и Советот за радиодифузија се многу малку застапени меѓу изворите на информации што укажува на незаинтересираност на медиумите за самиот изборен процес и префлање на тежиштето на партискиот предизборен натпревар.

Медиумите се појавуваат како известувачи на партиските активности, на ниво на појава без подлабоко навлегување во суштинските политички прашања. Се покрива кампањата, но не и политичката понуда. Медиумите сами себе си се поставиле како пасивен актер што не креира агенда, туку, ја следи и ја коментира агендата на политичките партии. Од тој аспект, гледано во целост, потфрлаат да бидат организатори на политичката дебата на општеството и се претвораат во гола трансмисија на политичката пропаганда.

Суштиниските теми како што се НАТО/ЕУ, спорот со името,економјата имаат речиси незабележителна застапеност во тематската структура на медиумите. Најмногу се застапени темите поврзани со изборните активности. Покрај тоа, високото ниво на прилози посветени на можното изборно насилство создаваат тензична атмосфера и загриженост за регуларноста на изборниот процес.

Од аспект на професионалните стандарди во информирањето за изборите и изборните активности, констатиран е висок процент на непотпишани новинарски материјали. Во печатените медиуми речиси една третина од текстовите немаат автор, а во електронските медиуми бројот на непотпишани прилози изнесува над една четвртина. Овој тренд е загрижувачки особено затоа што со нетранспарентноста во потпишувањето на значителен дел од содржините, се одбегнува одговорноста за објавените информации и содржини, а тоа сериозно го поткопува квалитетот и валидноста на информациите.

Во информирањето за изборите, новинарите најчесто прецизно ги наведуваат своите извори на информации, но во мнозинството случаи станува збор за информации од еден извор или од повеќе слични извори. Користењето само еден извор на информации веројатно се должи на фактот дека медиумите најчесто информираат за предизборни активности на политички субјекти, како што се митинзи, прес-конференции и др. Сепак, мора да констатираме дека е мошне мал бројот на новинарски прилози кои покрај регистрирачко-известувачката функција, аналитички и споредбено се осврнуваат на клучните теми од предизборните активности. Ваквиот приод негативно влијае врз квалитетот на информирањето на граѓаните за понудите и активностите на политичките актери во изборите.

Повеќе информации за методологијата и резултатите од истражувањето може да прочитате во интегралниот текст.

МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО – ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2011, Извештај бр. 1 (293KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top