KP

Општина Крива Паланка: Транспарентност и вклучување на граѓаните

на окт 31, 19 • од

Добрата практика на консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето локални политики треба да се одржува и секако да се збогатува и интензивира со нови и различни содржни...
Pin It

Home » Анализи, Важни » Општина Крива Паланка: Транспарентност и вклучување на граѓаните

НВО Инфоцентарот, во соработка со Регионалниот центар за соработка „Спектар“,  Центарот за младински иницијативи „Цик-цак“ и Норгес Вел од Крива Паланка, спроведе квалитативен мониторинг на транспарентноста на општинските власти спрема граѓаните и на механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики.

Набљудувањето беше реализирано во периодот мај – септември 2019 година. Во текот на мај беа спроведени квалитативни интервјуа преку структурирани прашалници, со неколку претставници од општината и руралните месни заедници. Исто така, во мониторингот беше вклучена и анализа на клучните документи на општината, како и на нејзината официјална интернет-страница.

Во овој извештај се содржани клучните наоди и препораки за локалните власти во насока на унапредување на квалитетот на комуникацијата со граѓаните и нивно активно учество на локално ниво.

Оваа активност е дел од проектот „Активни граѓани и партципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Извештајот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

 

Мониторинг извештај Крива Паланка

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top