Тачи и (не)кохабитацијата меѓу Груевски и Црвенковски ја нишаат политичката стабилност на Македонија

на сеп 28, 07 • од

Политиката на премиерот Груевски, според медиумите, се повеќе ги комплицира политичките процеси во Македонија. Речиси сите медиуми истакнуваат дека „Тачи го ниша бродот на Груевски“ и дека „Македонија станува заложник на лошата кохабитација меѓу претседателот Црвенковски и Владата на Груевски“...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Тачи и (не)кохабитацијата меѓу Груевски и Црвенковски ја нишаат политичката стабилност на Македонија

Политиката на премиерот Груевски, според медиумите, се повеќе ги комплицира политичките процеси во Македонија. Речиси сите медиуми истакнуваат дека „Тачи го ниша бродот на Груевски“ и дека „Македонија станува заложник на лошата кохабитација меѓу претседателот Црвенковски и Владата на Груевски“.

Третирајќи ги односите на Македонија со ЕУ, а во контекст на евроинтеграцијата, медиумите најчесто причината за напредување или назадување на Македонија во тој процес, ја гледаат во однесувањето на македонските политички субјекти. Повеќето медиуми се речиси еднодушни во оцената дека „политиката на Никола Груевски, ВМРО–ДПМНЕ и на парламентарното мнозинство резултира со нов услов за Македонија: исполнувањето на договорот Груевски – Ахмети“.

Ова се само дел од констатациите на континуираниот квалитативен мониторинг на медиумите во Македонија – „Медиумското огледало“, кој го спроведува НВО Инфоцентарот, а кој се однесува на јули годинава. Во набљудувањето се опфатени шест дневни весници и шест ТВ куќи на национално ниво: „Вечер“, „Време“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Факти“,„Шпиц“, ТВ „А1“, ТВ „Канал 5“, „МТВ 1“, „МТВ 2“, ТВ „Сител“ и ТВ „Телма“.

Медиумско огледало, јули 2007 – PDF верзија (370KB)

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top