13000142_10204703938878793_7514504900882565501_n-670x682

Студентот Ефтимов доби нови 30 дена домашен притвор

на апр 28, 16 • од

Мајка му на Борјан напиша: „Оваа мерка му е изречена заради учество во толпа во одбрана на демократијата и слободата, дело кое тој во целост го признава и за кое по добиената покана за разговор во полициска станица самиот се јави.“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Студентот Ефтимов доби нови 30 дена домашен притвор

Елена Ефтимова, мајката на Борјан Ефтимов, еден од демонстрантите на кои им беше одредена мерка 30-дневен притвор, се обрати преку Фејсбук:

- Почитувани пријатели,

Можете „мирно” да ги прославите празниците што претстојат бидејќи еден од „најголемите” криминалци во нашата кутра земја денеска (после изречениот 8 дневен) доби уште 30 дена домашен притвор, односно забрана да се оддалечува и да го напушта домот каде живее. За оние кои не знаат, се работи за мојот првороден син, Борјан Ефтимов (не Бориан и не Афтимов како што го пишуваат куририте).

Оваа мерка му е изречена заради учество во толпа во одбрана на демократијата и слободата, дело кое тој во целост го признава и за кое по добиената покана за разговор во полициска станица самиот се јави. Уште лани додека се бореше за правата на средношколците беше етикетиран и уценуван.

Сега, како студент на Правниот факултет Јустинан први во Скопје, кога се залага за еднаквост и правичност на сите граѓани во татковината, на диктаторскиот режим многу му пречи. Мојата гордост, мојот син, е воспитан во духот на слободната мисла и демократијата. Му ја ограничуваат слободата на движење, но не можат да му ја ограничат иднината и младоста, не можат да му ги скршат крилјата и не можат да му го исперат мозокот.

Тој има доволно љубов и поддршка од семејството и пријателите и многу ја сака родната земја, и затоа ПРОТЕСТИРА. Бидејќи е чесна, нормална и изградена личност која во секој момент знае што сака и каков живот сака да живее, јас многу го ценам и на сите од се срце ви посакувам да одгледате такви деца и внуци.

п.с.На сите оние кои се прават дека живеат на Месечината и се задоволуваат со турски серии и празни кафе муабети среќни празници, а останатите освестени хулигани и хулиганки, се гледаме секој ден во 6 пред СЈО. Нема правда нема мир!

Поврзани написи

One Response to Студентот Ефтимов доби нови 30 дена домашен притвор