01-Opstini-inspekcii CROP

Случајот Мавровка – потврда за потребата од итни реформи и создавање ефикасен, некорумпиран општински инспекциски надзор

на сеп 4, 20 • од

Случајот Мавровка е уште една потврда дека се потребни итни, темелни и добро осмислени промени во функционирањето на општинските инспекциски служби затие да бидат ефикасни, независни и во функција на граѓаните, а не на моќниците. Општините во државава немаат доволно капацитети (човечки, финансиски, техничко-технолошки) за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво. Речиси нема општина во која се пополнети сите предвидени инспекторски позиции, па оттаму, во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области. Законската регулатива по која работат и постапуваат општинските инспектори е нехармонизирана, а неретко и противречна...
Pin It

Home » Активности, Важни » Случајот Мавровка – потврда за потребата од итни реформи и создавање ефикасен, некорумпиран општински инспекциски надзор

Случајот Мавровка е уште една потврда дека се потребни итни, темелни и добро осмислени промени во функционирањето на општинските инспекциски служби затие да бидат ефикасни, независни и во функција на граѓаните, а не на моќниците.

НВО Инфоцентарот, со поддршка на Амбасадата на САД, пролетва ја истражи состојбата со општинските инспекциски служби и спроведе истражување на јавното мислење.

Општините во државава немаат доволно капацитети (човечки, финансиски, техничко-технолошки) за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво. Речиси нема општина во која се пополнети сите предвидени инспекторски позиции, па оттаму, во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области. Законската регулатива по која работат и постапуваат општинските инспектори е нехармонизирана, а неретко и противречна. Општинските инспектори се назначуваат од градоначалниците и ним директно им одговараат. Ова положба на инспекторите го прави нивниот интегритет ранлив на политички и бизнис влијанија и го зголемува ризикот од корупција. Ризикот од корупција веќе е голем заради фактот што општините, во исто време, се и даватели на услуги и вршат инспекциски надзор над тие услуги. Затоа, инспекторите често се наоѓаат во „маѓепсаниот круг“ на таквите политички и бизнис влијанија, од една и законите, граѓаните и јавниот интерес, од друга страна.

Оттука, разбирливо е што според истражувањето на јавното мислење, над 40% од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни, како и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници. Жителите на Скопскиот регион, луѓето со високо образование и оние на возраст од 35 до 44 години, се најголеми застапници на тезата дека инспекторите се зависни од волјата на градоначалниците.

Имајќи ја предвид постојната ситуација и досегашните искуства потребно е да се изгради нов модел за локалните инспекциски служби кој ќе им овозможи тие да бидат целосно независни, функционални и ефикасни во заштитата на интересите на граѓаните и на заедницата во целина.

Постојат размислувања локалниот инспекциски надзор да се спроведува преку независна инспекциска служба надвор до ингеренциите на локалната власт, која ќе функционира на ниво на една општина, регионално или пак, национално. Исто така, има размислувања и за формирање независна национална агенција за инспекциски надзор во општините.

Клучниот фактор од кој зависи поттикнувањето и спроведувањето реформи е политичката волја на извршната и законодавната власт да создаде инспекциски надзор на локално ниво кој ќе биде независен, ефикасен и отпорен на корупција. Новата Влада во својата програма најавува дека ќе поддржи „модел за подобри и посилни инспекциски служби на единиците за локална самоуправа“, но сите предложени модели, како и други можни форми за самостојно и ефикасно функционирање на општинскиот инспекциски надзор и неговото законско регулирање мора да бидат предмет на продлабочена и компетентна анализа, како и на сериозна стручна и јавна дебата, која ќе ги поттикне реформите во оваа област.

Интегралниот текст на извештајот и на истражувањето на јавното мислење може да ги прочитате на следниве линкови: http://nvoinfocentar.mk/istrazuvanje-opstinski-inspekciski-nadzor-problemi-i-predizvici/ , http://nvoinfocentar.mk/anketa-opstinsikite-inspektori-povekje-gi-stitat-monicite-otkolku-gragajnite/ .

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top