НВО Инфоцентарот во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Олоф Палме Центар, на 5 октомври, организираше консултативна работилница со активистите на граѓанските организации ЕКО Живот и Проект ЕУ во Кавадарци.
На работилницата активистите се запознаа со ЕУ и нејзините програми наменети за Македонија и граѓанските организации.