НВО Инфоцентарот во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржаан од Олоф Палме Центар, на 19 септември, во Ростуше, реализираше работилница со активистите на граѓанските организации ЗЕУКС ТРИТОН и Рекански бисер.
На работилницата младите активисти се запознаа со „тајните“ на подготовката на добра проектна апликација, важноста прецизно и јасно да се дефинираат пробемите, целите, резултатите и секако активностите.