Untitled

Програми на Европската Унија

на јун 17, 19 • од

Програмите на Унијата претставуваат интегриран пакет на активности усвоен од ЕУ, со цел унапредување на соработката помеѓу земјите-членки, и тоа во разни области поврзани со политиките на Унијата, зацртани во Стратегијата Европа 2020. Република Северна Македонија се стекна со право да учествува и во неколку програми на Унијата...
Pin It

Home » Активности » Програми на Европската Унија

erazmusЕРАЗМУС + – Програма за образование, обука, млади и спорт

Еразмус + е програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, а има за цел да го модернизира образованието, обуката и младинската работа низ цела Европа. Програмата е отворена за образование, обука, млади и спорт во сите полиња од доживотното учење и овозможува студирање, работа, волонтирање, подучување и обука низ цела Европа.

Програмата се спроведува во три тн. три клучни акции и две специфични акции: Жан Моне и Спорт.

Клучна акција 1: Учење преку индивидуални мобилности (КА 1 создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување и зголемување на културната свест. Наменета е за учениците и професорите, овозможуваат корисниците да патуваат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции.)

Клучна акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики (КА2 овозможува соработка на различни актери (јавен сектор, бизнис сектор, граѓански сектор сектор) каде повеќе организации, од најмалку три земји, можат да остварат партнерство за иновации или партнерство за размена на добри практики.)

Клучна акција 3: Поддршка за реформа на политиките (КА3 ги покрива сите типови на активности насочени кон поддршка и олеснување на модернизацијата на системите во образованието и обуката.)

Корисници на ЕРАЗМУС + можат да бидат: ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела, како и здруженија на граѓани и фондации.

Средствата за т.н. децентрализирани акции КА 1, КА 2 и КА3 ги управува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.

 

eu4citizensЕвропа за граѓаните

Целта на програмата е да придонесе за разбирање на граѓаните на ЕУ, нејзината историја и разновидност и да поттикне демократското учество на граѓаните на ниво на ЕУ. Исто така „Европа за граѓаните“ дава можност граѓаните да воспостават интеракција и да учествуваат во создавањето на “што поблиска Европа˝, го зајакнува европскиот идентитет базиран врз заеднички вредности, стреми кон развивање на чувство на сопственост кон Унијата, го зајакнува взаемното разбирање и толеранција меѓу европските граѓани и истовремено придонесува кон интеркултурниот дијалог.

Програмата се состои од две под-програми:

1. Сеќавање и европско државјанство, и

2. Демократски ангажман и граѓанско учество

Во програмата можат да учествуваат европски истражувачки институции, локални власти, истражувачки тинк-тенк организации, граѓански групи и други граѓански организации, образовни институции кои промовираат активно европско државјанство.

 

creative europeКреативна Европа

Програмата има за цел да го поддржи Европскиот аудиовизуелен, културен и креативен сектор.

Поддржува промоција на европската културна и јазична различност, европското културно наследство, зајакнување на конкурентноста на европските културни и креативни сектори, особено аудио-визуелниот сектор.Исто така, програмата поддржува

  • Проекти за прекугранична соработка меѓу културни и креативни организации во рамките на ЕУ и пошироко.
  • Мрежи кои им помагаат на културните и креативните сектори да работат транснационално и да ги зајакнат своите конкурентност.
  • Превод и промоција на литературни дела на пазарите на ЕУ.
  • Платформи на промотори на нови уметници кои промовираат и стимулираат вистински европски културни и уметнички дела.
  • Градење на капацитети и професионална обука за аудиовизуелни професионалци.
  • Развој на филмови, анимации, креативни документарци и видео-игри за европски кино, телевизиски пазари и други платформи.
  • Дистрибуција и продажба на аудиовизуелни дела во и надвор од Европа.
  • Филмски фестивали кои промовираат европски филмови.
  • Средства за меѓународна копродукција на филмови.
  • Развој на публиката за да се поттикне филмската писменост и да се подигне интересот за европските филмови преку широк спектар на настани.

 

 

horizontХОРИЗОНТ 2020 – Програма за истражување и иновации

Хоризонт 2020 е најголемата програма на ЕУ за истражување и иновации досега, со идеја дека истражувањето и иновациите се од суштинско значење за иднината на Европа, а секако и за достигнувањето на целите на стратегијата Европа 2020 за паметен, одржлив и инклузивен

раст на општеството.

За оваа програма се предвидени речиси 80 милијарди евра европски средства, достапни во текот на 7 години (2014-2020), на кои ќе се придодадат национални јавни инвестиции.

Програмата Хоризонт 2020 е фокусирана на три клучни области: извонредна наука, индустриско

лидерство и општествени предизвици.

Програмата Хоризонт 2020 е отворена за сите. Постои само еден сет на поедноставени правила и процедури за финансирање, а учесниците треба да се фокусираат на она што е навистина важно: истражување, иновации и резултати.

 

eidhrЕИДХР – Европски инструмент за демократија и човекови права

Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) е тематски инструмент за финансирање за надворешни акции, чија цел е поддршка на проекти во областа на човековите права, основните слободи и демократијата во земјите кои не се членки на ЕУ.

Овој инструмент е наменет за поддршка на граѓанското општество, со цел да стане ефикасна сила за политички реформи и за одбрана на човековите права.

Специфичните цели и приоритети на ЕИДХР за периодот 2014-2020 година се следните:

Цел 1 – Поддршка на човековите права и бранителите на човековите права во ситуации каде што се најмногу изложени на ризик.

Цел 2 – Поддршка на другите приоритети на Унијата во областа на човековите права

Цел 3 – Поддршка на демократијата.

Цел 4 – Поддршка на набљудувачките мисии на ЕУ

Цел 5 – Поддршка на клучни цели, актери и процеси, вклучувајќи ги и меѓународните и регионалните инструменти и механизми за човекови права.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top