5

Презентиран петтиот квартален извештај за работата на АВМУ и АЕК

на фев 23, 18 • од

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, го презентира петтиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“. На настанот, говореа Дејан Георгиевски, Извршен директор на Центар [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Анализи » Презентиран петтиот квартален извештај за работата на АВМУ и АЕК

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, го презентира петтиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

На настанот, говореа Дејан Георгиевски, Извршен директор на Центар за развој на медиуми, доц. д-р Даниела Мамучевска, УКИМ – Економски Факултет – Скопје, Горан Лазаров, Проектен координатор од ЕВРОТИНК, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор ќе биде Александар Колекески, Раководител за програмски развоj на ЕВРОТИНК.

Горан Лазаров се осврна на работењето на АЕК. Според Лазаров, АЕК во овој квартал го одржале солидното нивно на транспрентност и најголемиот дел од документите и податоците, навремено ги објавувиле на главната интернет страница. За разлика од интернет страниците на социјалните мрежи во периодот од октомври –  декември 2017 година, Агенцијата не беше воопшто активна и немаше ниту една објава на двата Јутјуб-канали, Фејсбук-страницата и на нејзиниот профил на Твитер.

5-Izvestaj-AEK_01

  5-Izvestaj-AEK_02Вкупните приходи предвидени во Годишниот финансиски план на Агенцијата за 2018 година изнесуваат 475 555 000 денари. Над 78% од овие средства предвидено е да се инкасираат преку наплата за надоместоците за користење на радиофреквенциите (372 295 000 денари). Остатокот од средствата ќе се добие преку надоместоците за надзор на пазарот на електронските комуникации (50 810 000 денари) и преку надоместоците за користење на доделените броеви и серии броеви (50 250 000 денари). Анализата на вкупните планирани приходи на АЕК покажува дека за 2018 година е предвидено да се реализираат помалку средства во споредба со претходните две години, и тоа за 12,8 отсто помалку во однос на 2017 година, односно за 20,2 отсто помалку во однос на 2016 година. Што се однесува до расходите, вкупните расходи предвидени на Агенцијата за 2018 година изнесуваат исто колку и предвидените приходи (475 555 000 денари), од кои околу 85 % се предвидени за четири расходни ставки: капитални средстваплатиопрема и интелектуални и други услуги, посочи Лазаров.

– Агенцијата нуди три начини за комуникација со граѓаните. Да се постави прашање преку интернет страницата, што е искористена 397 пати во текот на 2017 година. Втората можност е да се поднесе приговор за работата на операторите. Од 930 приговори во 2017 година, директно во агенцијата стигаат 94 процени, а само шест проценти по електронски пат. Третата можност е преку бесплатниот телефонски број, што има преку 5.000 јавувања, изјави Лазаров.

Билјана Бејкова, се осврна на работењето на АВМУ. Според Бејкова, во текот на последниот квартал од 2017 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги обезбеди солидно ниво на транспарентност и отчетност во своето работење, што се гледа главно преку јавноста на седниците и одлуките на Советот на Агенцијата, преку редовното надополнување на содржините на интернет-страницата, но и преку отворањето официјална Фејсбук-страница на Агенцијата и посебна интернет-страница за медиумска писменост.

5-Izvestaj-AVMU_01

 5-Izvestaj-AVMU_02Агенцијата и во овој период го продолжи трендот на проактивен однос кон темите и проблемите од јавен интерес (медиумска писменост, ЛГБТ, заштита од дискриминација и говор на омраза во медиумите и медиумските содржини, претставки од граѓаните и др.). АВМУ направи особено важен чекор од јавен интерес со тоа што се отвори кон ЛГБТ-заедницата и нејзиниот третман во медиумските содржини. Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, ги презентираше резултатите од Анализата на известувачките рамки во медиумското покривање на теми поврзани со ЛГБТИ заедницата. Во почетокот на ноември, АВМУ реагираше на радиоспотовите од заедничката кампања на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, наменета за „сите пре-еманципирани жени“. Агенцијата констатираше дека оваа кампања претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам и дека со неа флагрантно се крши Законот. По ова укажување на АВМУ и масовната реакција на јавноста, како што е познато, овие три радиостаници ја прекинаа кампањата, – посочи Бејкова.

Во овој квартал, Советот ја донесе Програмата за работа, заедно со финансискиот план за 2018 година, како и годишните планови за административен и програмски надзор. На усвојувањето на Годишната програма за работа и на финансискиот план на АВМУ му претходеше триесетдневна јавна расправа.

Најголем прилив на средства во 2018 година, Агенцијата очекува од дозволите – 47% и од државниот буџет – 46%. Кога станува збор за расходите, највисока ставка се платите – 35%. За надомест на членовите на Советот ќе се издвојат 7%.

Дејан Георгиевски се осврна повеќе околу измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, додека Даниела Мамучевска даде осврт околу начинот на финасирање на регулаторните тела како и потребата од поголема конкуренција во мобилната телефонија.

Програмата се реализира во периодот септември 2016 – март 2018 година и е поддржана од Британската амбасада во Република Македонија. Проектниот тим ги набљудува ефикасноста, ефективноста, транспарентноста, одговорноста и заштитата на јавниот интерес на две регулаторни тела: Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Овој квартален извештај се однесува на работата на АВМУ и на АЕК во периодот октомври – декември 2017 година и е подготвен врз основа на „Мониторинг-матрицата за работата на АВМУ и АЕК“, креирана во консултација со двете регулаторни тела и објавена во јануари 2017 година. Методологијата која е изработена за потребите на овој мониторинг ги зема предвид спецификите на двете регулаторни тела и ја следи нивната работа од аспект на транспарентноста и отчетноста, ефикасноста и независноста, перформансите и заштитата на јавниот интерес.

Целиот извештај можете да го погледнете на следниов линк.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top