Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (ХКМ) и Центарот за управување со промени (ЦУП), финансиран од Европската Унија, објавува повик за доделување на грантови за граѓански организации во рамките на проектот „Мрежа 23“. Грантовите се однесуваат на следењето и евалуацијата на политиките во рамки на Поглавјето 23 за пристапувањето во ЕУ – правосудство и темелни права.
Максималниот износ за кој можат да аплицираат организации кои ќе спроведуваат активности на ниво на повеќе општини/национално ниво е 614.200 денари, додека за граѓански организации кои ќе спроведуваат активности на локално ниво (една општина) е 307.100 денари. Пакетот за доставување на пријава е достапен на следниов линк:
https://www.dropbox.com/sh/goqtxn9elww6wag/AADAAjBbKpELIyOeJvvS7wLJa.
Инфо сесија: Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. Наум Наумовски Борче бр. 83, 25.08.2014, со почеток во 13.00 часот.
Краен рок: 10 септември 2014 година.
Апликациите се доставуваат само во електронска форма на: network23@epi.org.mk и aleksandar.jovanoski@epi.org.mk
извор: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија