malo Local Consultation mechanism for IPA 2 [ PR Banner ]

Повик за учество на тренинзи за организации од Скопскиот регион за подобро разбирање и искористување на европските фондови

на окт 8, 18 • од

НВО Инфоцентарот организира три еднодневни тренинзи наменети за зголемување на капацитетите на граѓанските активисти од Скопскиот регион за зголемување на знаењето и подобрување на способностите на граѓанските организации за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање...
Pin It

Home » Активности, Важни » Повик за учество на тренинзи за организации од Скопскиот регион за подобро разбирање и искористување на европските фондови

НВО Инфоцентарот организира три еднодневни тренинзи наменети за зголемување на капацитетите на граѓанските активисти од Скопскиот регион, за зголемување на знаењето и подобрување на способностите на граѓанските организации за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање.

Тренинзите се дел од втората фаза на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“, а ќе се одржат од 29 до 31 октомври 2018, во ГЕМ Клубот во Скопје:

29.10.2018 – Тренинг „Подобро разбирање на европските фондови“ (Преземете Агенда за 29.10.2018)

30.10.2018 – Тренинг „Подготовка на проекти“ (Преземете Агенда за 30.10.2018)

31.10.2018 – Тренинг „Планирање и спроведување проекти финансирани од Европската Унија според правилата праг“ (Преземете Агенда за 31.10.2018)

На тренинзите, учесниците ќе стекнат повеќе познавања за Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2014-2020 и други програми на Унијата, програмски и проектни документи, развивање индикатори за успех, ризици и претпоставки, развивање активности соодветни на програмски цели, приод на логичка рамка, правила за обезбедување видливост на европски проекти, планирање и управување со буџет за проект финансиран од ЕУ, работење според правилата ПРАГ и др.

Пријавувањето на учесниците трае до среда, 24 октомври 2018, на е-маил адреса: elena@nvoinfocentar.org.mk, со назнака ПРИЈАВА за ИПА Работилници. ЗАРАДИ ОГРОМНИОТ ИНТЕРЕС, БРОЈ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ПО ОРГАНИЗАЦИЈА Е ОГРАНИЧЕН НА ЕДЕН ПРЕТСТАВНИК. Во пријавата назначете  име и презиме на учесникот, и контакти на организацијата и учесникот. Бројот на учесници на работилниците е ограничен.

Проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Фондацијата НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top