човекови-права

Пет лекции за петка по човекови права – трета радио емисија

на јун 5, 16 • од

Скопски суд утврди дека е направена дискриминација и нееднаков третман врз бремена жена, односно тужениот не го продолжил договорот за работа на определено време и донел решение за претанок на работниот однос. Адвокатката на отштетената, Софија Бојковска изјави дека ова е пресуда за првпат донесена во Македонија и дека има огромно значење, со причина што на ваков начин се мотивираат жените коишто планираат да формираат семејство да не се плашат од работодавачот дека ќе им го откажат договорот за вработување поради бременост...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Пет лекции за петка по човекови права – трета радио емисија

Скопски суд утврди дека е направена дискриминација и нееднаков третман врз бремена жена, односно тужениот не го продолжил договорот за работа на определено време и донел решение за претанок на работниот однос. Адвокатката на отштетената, Софија Бојковска изјави дека ова е пресуда за првпат донесена во Македонија и дека има огромно значење, со причина што на ваков начин се мотивираат жените коишто планираат да формираат семејство да не се плашат од работодавачот дека ќе им го откажат договорот за вработување поради бременост.

„Станува збор за случај во кој е утврдена дискриминација. Произлегува од кршење на правата од работен однос, поради нееднаков третман на работник врз основа на лична односно семејна и брачна состојба, односно за конкретниот случај стануваше збор за бременост. Работодавачот кој е тужен во оваа постапка не и’ го продолжил договорот за вработување на работничката т.е тужителката токму во моментот кога дознал дека таа е бремена. Инаку веќе воспоставена пракса на работодавачот, било на своите вработени да им го продолжува договорот за вработување за определено време со анекси кон основниот договор, во период на три или шест месеци. Во конкретниот случај кога дознал за состојбата на работничката, работодавецот одлучил повеќе да не иќ го продолжува договорот за вработување, со нов анекс, односно само го прекинал договорот. Судот во овој случај за првпат донесе одлука во која утврди дека тужениот имал однесување, во кое постои намера да се дискриминира тужителката токму поради нејзиниот личен статус на бременост.

Според судот доколку тужителката не била бремена, тужениот како и претходно ќе склучел договор за вработување и таа се’ уште би била во работен однос кај тужениот. Оваа пресуда се’ уште не е правосилна. Станува збор за првостепена пресуда, но сепак е еден добар пример за сите работници, дека ако им е прекршен договорот, односно им е повредено правото, да не се плашат, односно можат да поведат постапка во која што ќе го утврдат своето право“. „Дискриминација по овој основ, според мене нема барем, нема во таков обем и како споменатиот конкретен случај“, вели претседателката на Текстилниот кластер, Мирјана Перковска и самата сопственик на фирма. Сепак, вели таа дека мора да се прави разлика меѓу „работодавец“ и „работодавец“.

„На пример оние што работат по подруми или не се грижат за своите вработени. Сепак имате несовесност и од едната и од другата страна и не можеме ние заклучоците да ги носиме заради нечие несовесно однесување, туку спрема она што е критична маса, поголем број или сериозни компании. Тоа е тоа. Со оглед на тоа дека има недостаток на работници, ако се работи за текстилни компании, просто не ми се верува. Ако е во други компании во други сектори, прво треба да се види дали е домашна, дали е странска, дали има повеќе мажи, помалку жени, затоа што веќе тука, кајшто има и мажи и жени, каде може лесно да суституирате жена како работник, тука веќе можат да настанат такви ситуации. Дури јас знам ,во одредени индустрии каде што при самото доаѓање на работа, дали е тоа индустрија, дали е услуга ги ги прашуваат вработените кога имаат намера да формираат семејство и тоа станува збор за сериозни фирми, би рекла монополски. Значи тоа е привилегија на компании коишто можат лесно да дојдат до работна сила, останатото ја нема таа привилегија. Но факт е дека постојат прекршувања на човековите права, некои стануваат јавни, но некои засекогаш премолчени.

„Не мора да биде така“, велат од Македонското здружение на млади правници. Во рамките на проектот за заштита од дискриминација, водат над 30 постапки за заштита од дискриминација.

„И пред се’ во овие постапки се допираат прашања кои претставуваат поширок општествен проблем. Жртвите од дискриминација, покрај во нашето Здружение можат да се обратат и кај други граѓански организации кои работат на истата тема, потоа можат да се обратат и кај адвокати кои даваат правна заштита во предмети во кои се повредени човековите права и слободи, поради определено дискриминаторско однесување, без разлика дали е во работни односи, здравство, образование и т.н а дополнително можат да се обратат и во Комисијата за заштита од дискриминација и во канцеларијата на Народниот правобранител. Сепак како најефикасен механизам во нашата работа се покажале судовите. Ги охрабруваме жртвите на дискриминација да не се откажуваат и да не се плашат од борбата за заштита на нивните загарантирани човекови слободи и права и да не дозволат дискриминаторското однесување да стане дел од нивното секојдневие, односно да го сметаат за нормална појаваи и истото да го прифатат“, вели Светлана Ќосева од Македонското здружение на млади правници.

Сепак факт е дека и покрај воспоставените норми и механизми, за овозможување на целосно уживање на човековите права во Република македонија се’ уште опстојува проблемот на нивно непотребно уживање и заштита. Првиот добиен случај дека е направена дискриминација и третман врз бремена жена, значи охрабрување на сите оние кои што премолчено преминуваат кон она што им се случува нив и на луѓето околу нас.

Извор: Канал 77

Прилогот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на прилогот е одговорност на ЗГ „Медиа плус“ Штип и на авторите и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top