Infographic

Патот на вакцините до Северна Македонија: јануари – март 2021

на апр 6, 21 • од

Заклучно со 31 март, за вакцинација се пријавиле 111.347 граѓани, што е само нешто повеќе од 8% од вкупниот број граѓани кои треба да се вакцинираат според проценките на Владата однoсно според Националниот план – 1.335.500 граѓани...
Pin It

Home » Активности, Ковид Имунометар » Патот на вакцините до Северна Македонија: јануари – март 2021

Со усвојувањето на Националниот план за Ковид 19 вакцинација, во декември 2020, во Северна Македонија и официјално започнаа подготовките за процесот на имунизација против вирусот SARS-CoV-2.

Вакцинацијата на населението има клучна улога во создавањето на индивидуалниот и колективниот имунитет, а процесот на имунизација, во повеќето држави во светот и во регионов, започна кон крајот на 2020 и во почетокот на 2021 година. Во државава, вакцинирањето е на доброволна основа и започна со задоцнување, затоа што, првите дози вакцини стигнаа дури во средината на февруари.

Всушност, првата пратка од 4.680 дози од вакцината Фајзер пристигна на 14 февруари, како донација од Република Србија. Заклучно со 31 март, во Северна Македонија пристигнаа вкупно само 38.190 дози од вакцините Фајзер, Астра Зенека (преименувана на почетокот на март 2021 во Ваксзевриа) и Спутник В.

Според изјавата на премиерот Зоран Заев, на 9 март годинава, за Северна Македонија се ветени и платени 2 милиони и 350 илјади дози вакцини (800.000 од Фајзер, 800.000 од Ковакс механизмот, 200.000 од Кина, 200.000 Спутник и над 250.000 од ЕУ).

Заради доцнењето со набавката на вакцини во земјава, десетина илјади граѓани во текот на февруари и март, се вакцинираа во соседна Србија.

На 10 февруари, Министерството за здравство ја промовираше интернет-апликацијата https://vakcinacija.mk, преку која заинтересираните граѓани можат да се пријават за вакцинација.  Заклучно со 31 март, за вакцинација се пријавиле  111.347 граѓани, што е само нешто повеќе од 8% од вкупниот број граѓани кои треба да се вакцинираат според проценките на Владата однoсно според Националниот план – 1.335.500граѓани.

Имунизацијата во Северна Македонија официјално започна на 17 февруари, со вакцинирање на првата приоритетна група, медицинските лица. До крајот на март се вакцинирале 7.005 медицински лица и други приоритетни групи, или 0,52% од вкупниот број граѓани предвидени за вакцинација.

 

Patot na vakcinite [ Infographic 01-03_2021 ]

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top