2

Општина Неготино: Транспарентност и вклучување на граѓаните

на ное 5, 19 • од

Општината има добро ниво на транспарентност и отчетност, но таа треба и натаму да се унапредува. Интернет-страницата на општината е функционална и содржи солиден број на документи, но сепак потребно е нејзино редизајнирање, освежување, како и техничко-технолошко унапредување...
Pin It

Home » Анализи, Важни » Општина Неготино: Транспарентност и вклучување на граѓаните

НВО Инфоцентарот, во соработка со СПО КУЛ од Неготино, спроведе квалитативен мониторинг на транспарентноста на општинските власти спрема граѓаните и на механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики.

Набљудувањето беше реализирано во периодот мај – септември 2019 година. Во текот на мај беа спроведени квалитативни интервјуа преку структурирани прашалници, со неколку претставници од општината и руралните месни заедници. Исто така, во мониторингот беше вклучена и анализа на клучните документи на општината, како и на нејзината официјална интернет-страница.

Во овој извештај се содржани клучните наоди и препораки за локалните власти во насока на унапредување на квалитетот на комуникацијата со граѓаните и нивно активно учество на локално ниво.

Оваа активност е дел од проектот „Активни граѓани и партципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди:
•Општината има добро ниво на транспарентност и отчетност, но таа треба и натаму да се унапредува.

• Интернет-страницата на општината е функционална и содржи солиден број на документи за работата на локалната власт и за услугите што им ги нуди на граѓаните.

• Сепак, од дизајнерски и техничи аспект, таа е застарена и не е лесно пребарлива. Оттаму потребно е нејзино редизајнирање, освежување, како и техничко-технолошко унапредување.

• Препорачуваме, интернет-страницата поредовно да се ажурира со документите кои недостигаат, како на пример, буџетот за тековната година, како и да се објават тарифниците за услугите на општината.

• Добрата практика на консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето локални политики треба да се одржува и секако да се збогатува и интензивира со нови и различни содржни.

• И покрај нерешениот правен статус на месните заедници, општината треба да настојува тие да бидат активни и функционални. Овие напори општината треба да ги интензивира, па дури и да лобира за законски измени со кои ќе се унапреди статусот на месните заедници бидејќи тие се многу значајна алка во воспоставувањето директна двонасочна комуникација со граѓаните, како и нивно вклучување во процесите на креирање и спроведување локални политики.

•Натамошното интензивирање и продлабочување на соработката на општината со граѓанските организации, исто така, ќе претставува дополнителен мотив и поттик за граѓаните да бидат про-активни и директно да учествуваат во развојот на локалната заедница. Препорачуваме општината да има јасна и транспарентна политика и процедури за финансиска поддршка на граѓанските организации. Таа поддршка треба да биде вградена во буџетот на општината и да биде на годишна основа.

• Препорачуваме општината да ги унапреди механизмите за мерење на задоволството на граѓаните. Добро е редовно или повремено да се спроведе анкета на интернет-страницата. Таа може во континуитет да се надополнува со различни прашања кои ќе дадат подетален увид во задоволството на граѓаните за определени услуги или политики на општинската власт.

• Препорачуваме општината да се стреми да одговара и постапува по пријавите на граѓаните не подолго од 48 часа.

Извештајот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

Izvestaj Opstina Negotino

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top