1

Општина Кавадарци: Транспарентност и вклучување на граѓаните

на ное 5, 19 • од

Општината има високо ниво на транспарентност и отчетност спрема граѓаните. Општинската интернет-страница е основната платформа која обезбедува лесен и сеопфатен прстап до информации и документи поврзани со работата на општината...
Pin It

Home » Анализи, Важни » Општина Кавадарци: Транспарентност и вклучување на граѓаните

НВО Инфоцентарот, во соработка со Еко Живот и Проект – ЕУ од Кавадарци, спроведе квалитативен мониторинг на транспарентноста на општинските власти спрема граѓаните и на механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики.
Набљудувањето беше реализирано во периодот мај – септември 2019 година.

Во текот на мај беа спроведени квалитативни интервјуа преку структурирани прашалници, со неколку претставници од општината и руралните месни заедници. Исто така, во мониторингот беше вклучена и анализа на клучните документи на општината, како и на нејзината официјална интернет-страница.

Во овој извештај се содржани клучните наоди и препораки за локалните власти во насока на унапредување на квалитетот на комуникацијата со граѓаните и нивно активно учество на локално ниво.

Оваа активност е дел од проектот „Активни граѓани и партципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди и препораки:

• Општината има високо ниво на транспарентност и отчетност спрема граѓаните. Општинската интернет-страница е основната платформа која обезбедува лесен и сеопфатен прстап до информации и документи поврзани со работата на општината.

Препорачуваме, интернет-страницата поредовно да се ажурира со навремено објавување на периодичните и годишните извештаи за работата во различни области, да се ажурираат информациите и документите поврзани со работата на советот, како и да се објават тарифниците, формуларите и деталните објаснувања за тоа како граѓаните полесно и поедноставно можат да ги користат услугите на општината.

Препорачувае и мало редизајнирање на насловната страна. Информациите за рабоатата на општината треба да бидат поставени погоре на страната и на тој начин ќе бидат повидливи и подостапни за корисниците.

• Добрата практика на консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето локални политики треба да се одржува и секако да се збогатува и интензивира со нови и различни содржни. Јавните расправи, форумите и дискусиите со граѓаните добро е да се организираат почесто и во самите месни заедници. Препорачуваме локалната власт почесто да остварува директни средби со населението во месните заедници

• И покрај нерешениот правен статус на месните заедници, добро е што општината настојува тие да бидат постојано активни и функционални. Овие напори општината треба да ги интензивира, па дури и да лобира за законски измени со кои ќе се унапреди статусот на месните заeдници бидејќи тие се многу значајна алка во воспоставувањето директна двонасочна комуникација со граѓаните, како и нивно вклучување во процесите на креирање и спроведување локални политики. Поттик за ова треба да биде и постојната заинтересираност на граѓаните да бидат активни во своите месни заедници, што не е случај голем дел од општините во државата.

• Натамошното интензивирање и продлабочување на соработката на општината со граѓанските организации, исто така, ќе претставува дополнителен мотив и поттик за граѓаните да бидат про-активни и директно да учествуваат во развојот на локалната заедница. Препорачуваме општината да има јасна и транспарентна политика и процедури за финансиска поддршка на граѓанските организации. Таа поддршка треба да биде вградена во буџетот на општината и да биде на годишна основа.

• Препорачуваме општината да ги унапреди механизмите за мерење на задоволството на граѓаните. Добро е редовно или повремено да се спроведе анкета на интернет-страницата. Таа може во континуитет да се надополнува со различни прашања кои ќе дадат подетален увид во задоволството на граѓаните за определени услуги или политики на општинската власт.

• Препорачуваме општината да се стреми да одговара и постапува по пријавите на граѓаните не подолго од 48 часа.

Извештајот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.
Izvestaj-Opstina-Kavadarci.pdf

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top