Tearce

Општина Теарце: Tранспарентност и вклучување на граѓаните

на ное 1, 19 • од

Препорачуваме општината да ги зајакне механизмите/ формите за консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето локални политики...
Pin It

Home » Анализи, Важни » Општина Теарце: Tранспарентност и вклучување на граѓаните

НВО Инфоцентарот, во соработка со Центарот за едукација и развој (ЦЕД) и Скаут  од Теарце, спроведе квалитативен мониторинг на транспарентноста на општинските власти спрема граѓаните и на механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики.

Набљудувањето беше реализирано во периодот мај – септември 2019 година. Во текот на мај беа спроведени квалитативни интервјуа преку структурирани прашалници, со неколку претставници од општината и руралните месни заедници. Исто така, во мониторингот беше вклучена и анализа на клучните документи на општината, како и на нејзината официјална интернет-страница.

Во овој извештај се содржани клучните наоди и препораки за локалните власти во насока на унапредување на квалитетот на комуникацијата со граѓаните и нивно активно учество на локално ниво.

Оваа активност е дел од проектот „Активни граѓани и партципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Извештајот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

Општина Теарце: Мониторинг на транспарентноста и механизмите за вклучување на граѓаните во процесите на креирање и спроведување локални политики

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top